Студентите од Академијата за дигитален маркетинг изработија PR стратегија за Донирај компјутер

Последниот предизвик со којшто се соочија студентите од Академијата за дигитален маркетинг беше изработката на реален проект за реален клиент, а со тоа и примената на новостекнатите знаења и вештини во пракса. Нивната задача беше да изработат целосна PR стратегија за Донирај компјутер и да ги презентираат своите финални решенија пред клиентот.

Донирај компјутер е непрофитна невладина организација чија цел е секое семејство во Македонија да има барем по еден компјутер бидејќи компјутерот е потребна алатка за учење, а не луксуз. Веќе 6 години се вршат донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија и на над 1500 семејства им е обезбеден истиот.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Ана Илиева, Љубенка Митревска, Сања Илоска – Танкоска и Елисавета Соколова.

 

Во продолжение си поразговаравме со тимот за работата на овој реален проект и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

 

Како дел од програмата на Академијата за дигитален маркетинг, имавте задача да работите на реален проект за клиентот Донирај Компјутер. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?

Сања: Преку предавањата, во текот на целата програма се стекнав со знаења и новитети кои теоретски ми беа донекаде јасни. Меѓутоа, работата на реален проект ми овозможи да стекнам искуство, да го употребам теоретското знаење во пракса и да се соочам со реални ситуации и проблеми, а со тоа и да ги откријам чекорите за решавање на истите. Се разбира, преку работата на реален проект стекнав и самодоверба и добив поголема претстава за сето она што го учев за време на програмата.

Ана: Здраво! Јас сум Ана и студирам PR, па токму затоа и PR проектот за реалниот клиент ,,Донирај компјутер” ми беше вистински предизвик на Академијата. Работата на реален проект ни помогна да ги согледаме вистинските проблеми со кои може да се соочува една компанија, како и за најкратко време да ги пронајдеме најсоодветните решенија – од стратегија за социјалните мрежи, па сѐ до сценарија за кризни ситуации и уште многу други предизвици.  

Љубенка: Здраво, јас сум Бубе! По професија – дипломиран професор по одделенска настава. За себе можам да кажам дека сум личност која ги сака луѓето и затоа филантропијата која ја препознав во овој проект допринесе да го дадам најдоброто од себе.

 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него? 

Идејата зад овој проект беше да се подобри маркетинг стратегијата на „Донирај компјутер“, чијашто цел е секое дете да биде среќно и задоволно, да не се издвојува и да си има компјутер, што стана еден од основните елементи на денешното образование.

 

Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?

Со оглед на тоа дека предизвик ни беше времето, ние бевме предобро огранизирани. Проектот се одвиваше во текот на работната недела каде што наша цел беше да смислиме PR стратегија, како и да дадеме дополнителни идеи од типот што би можело да се подобри во нивната маркетинг стратегија.

 

 

Од каде ја црпевте инспирацијата? 

Една од нашите пораки беше „Со стар компјутер до нова надеж“ и мислам дека таа порака совршено ја отсликува организацијата „Донирај компјутер“, која е премногу инспиративна самата по себе. Станува збор за хуманитарна организација која им помага на оние кои имаат потреба од компјутер, но не можат да си го дозволат тоа. Така, помислата дека и ние на некој начин им помагаме и сме нивни „волонтери“ е најголемата инспирација која уште повеќе нѐ поттикна да создадеме успешна PR стратегија. 

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка? 

Целосно, програмата и работата на овој реален проект е од големо значење, соработката со менторите како и членовите на тимот, беше на солидно ниво и од големо значење за успешна реализација на проектот. Исто така, многу значајно за нас е тоа што бевме дел од проектот за „Донирај компјутер“ бидејќи станува збор за хуманитарна организација преку која со старите компјутери се раѓа нова надеж.

 

Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?

Секако, како и секој реален проект со однапред поставен рок, така и овој беше голем предизвик за нас. Со оглед на нашите секојдневни обврски можеби тоа беше најголемиот предизвик, но сепак,  кога се работи за тим како нашиот и клиент на кој му се поклонуваме за неговото постоење, ние безрезервно сѐ дадовме за истиот. Само со интензивна работа и добра координација дојдовме до финалниот производ.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте на Академијата за дигитален маркетинг? 

Сања: Можам да кажам дека на програмата се приклучив по препорака и како задоволен ученик со стекнати искуства и знаење, и јас ќе ја препорачам програмата на некој кој е заинтересиран за дообука и стекнување вештини во областа на дигиталниот маркетинг. 

Ана: Најинтересната и најважна лекција што ја научивме на Академијата е тоа што не можеме да кажуваме дека нешто не нѐ интересира или нешто не знаеме. Треба секогаш да следиме и да знаеме сѐ!  

Љубенка: Со една реченица: Динамичноста на нашето секојдневие да ја имплементираме во дигиталниот свет. Дигиталниот маркетинг е една актуелна тема на денешницата, која е во секојдневен подем и од кој можеме да стекнеме многу бенефити.

Елисавета: Знаев за Академијата многу порано, но бидејќи беше со физичко присуство, ме спречуваше. Би ја препорачала на сите со оглед на тоа дека може од било каде и било кога да се прегледуваат повторно предавањата што е олеснителна околност, а подоцна и вашата работа што би ја работеле во областа на дигиталниот маркетинг има можност да работите од било каде и било кога.

 

За задоволството од соработката, нашиот co-innovation партнер Донирај Компјутер ни сподели:

 

 

Борче Стаменов – Основач на „Донирај компјутер“: Се восхитував на ентузијазмот, напорната работа и креативноста на сите студенти кои беа поделени во девет тима, но тимот 5 преовлада со размислувањето out-of-the-box, особено со предлогот за квизот што ќе биде објавен на социјалните мрежи. Со овие иновативни идеи видовме сосема поинаков пристап кон нашиот бренд. Кога сте хуманитарец и се обидувате да решите катастрофална ситуација, тешко е да се замисли брендот како нешто што може да ги расположи луѓето, но овде, тимот 5 најде начин да го истакне она што го правиме на многу весел и позитивен начин.

 

Рената Наумовска – Интернационален PR експерт: Тимот 5 се истакна во солидната конкуренција, не само со целосното исполнување на задачите што ги дефиниравме, туку и со невообичаено креативното размислување кое беше проследено со практични совети за подобрување на нашата комуникација во секоја од нејзините сфери. Одлучувачки момент беше свежината на идеите, знаењето што го имаат за различни аспекти од нашата работа и истражувањето што го направија за да добијат детална слика за „Донирај компјутер“ и предлози како да се подобри таа слика. Голема благодарност до студентите од Академијата за дигитален маркетинг и до Brainster за добро завршената работа. 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА