Запознајте го Димитар Тодоровски – амбициозна и креативна личност,  а воедно и дел од Dream Team студентите на Академијата за дигитален маркетинг.

Неговата посветеност и страст кон дигиталниот маркетинг резултираа со почеток на нова кариера уште пред да ја заврши Академијата за дигитален маркетинг како Junior Digital Marketing Specialist во Social Hackers Academy.

 

Си поразговаравме со Димитар за неговата кариерна трансформација

 

Здраво Димитар, раскажи ни нешто повеќе за себе! 

Здраво! Јас сум Димитар Тодоровски, студент кој стекна огромно знаење на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Моето учење не застанува со завршувањето на Академијата, односно, истото продолжува на друго ниво, во нова околина, нова компанија и со нова книга. Јас сум посветен авантурист кој на авантурата гледа како на нова можност за личен развој, без разлика дали е на планина, море или на работа.

 

Ти си наш студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за дигитален маркетинг? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Предизвик е секој нов ден. Академијата беше мотивација и работилница за тоа како треба да се соочуваме со предизвиците, како да размислуваме поопширно и како да делуваме. После сѐ тоа, Академијата за дигитален маркетинг е извор за секој иден маркетер, во техничка и теоретска смисла.

 

За време на Академијата, започна да работиш во компанијата Social Hackers Academy како Junior Digital Marketing Specialist. Како се одвиваше процесот за да стигнеш дотука? Што сѐ беше потребно? 

Размислување за текот на настаните. Моја лична практика е визуелизација на мојата позиција во иднина, и мислам дека е прилично ефикасна. Нормaлно, посветеноста во процесот на пронаоѓање работа има есенцијална важност. Уште поважно е истиот процес да се повторува, и така квалитетот негде ќе биде препознаен. 

 

Што би можел да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?

Social Hackers Academy е невладина организација којашто нуди дигитално школување на ранлива категорија на луѓе како: мигранти, бегалци и сл. Компанијата делува во повеќе држави, има неверојатно добра работна култура, и премногу професионален тим. Зарем и јас сум дел од нив?! 🙂 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?

As a Marketer, it’s all about research. 

 

Три зборови кои те опишуваат?

Упорен, ентузијаст и авантурист. 

 

Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Сигурно постојат природни струи во нас луѓето. Тоа што го правам надвор, природно ми се спои со маркетингот, и за моја среќа пронајдов голем дел од себе. Потребно е секој да знае зошто прави или учи одредена работа.

 

Најважната лекција што ја научи на Академијата?

Најкратко што можам да опишам е да исцитирам една реченица којашто е производ од Академијата: The more you know, the less you fear.

 

За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?

Ако некој почувствува дека маркетингот е вистинската област, тогаш тоа е неговиот пат!

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!