Запознајте ја Елисавета Мулева – алумни студент на нашата Академија за дигитален маркетинг која со својата амбиција и решителност лансираше нова кариера. Елисавета е новиот Creator Sales во компанијата Influencers Club, каде што ќе продолжи да ги надградува стекнатите знаења од Академијата, како и нејзината иновативност и креативност.

 

Си поразговаравме со Елисавета за нејзиното ново работно место и студентските денови

 

Здраво Елисавета! Ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Елисавета?

Здраво, здраво. Елисавета е млада и амбициозна девојка која има 21 година, живее и работи во Скопје, алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг и од неодамна вработена во стартап компанија.

 

Три работи кои те опишуваат?

  • Организирана личност која најмногу внимание обрнува на детали;
  • Прецизна во реализација на обврските;
  • Екстроверт!

 

Ти си наш студент од Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?

Интересно прашање. Верувам не сум ниту прва, ниту пак последна која одлучила да направи промена во кариерниот пат. Бев студент на Филозофски факултет при УКИМ, меѓутоа отсекогаш сум имала желба да се насочам кон маркетингот како кариерно поле. По бројни искуства во светот на маркетингот, желбата беше сѐ поголема и пасијата за маркетингот сѐ повеќе се зголемуваше.

По разговор со другарка, дојдов до сознание за Академиите на Brainster и без многу размислување одлучив да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг и да се движам во таа насока. Со оглед на позитивното искуство кое го стекнав на Академијата, воопшто не се покаjав за мојата одлука, а сега сум вработена токму во компанија од таа област каде што секојдневно го надградувам своето знаење.

 

Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Како што кажав и претходно, искуствата кои ги имам стекнато во областа на маркетингот, желбата за работа и надградување на знаењето беа пресуден фактор за да се одлучам да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг. Нескромно ќе кажам дека мојата иновативност и креативност се јавија како стимул правејќи го токму тој избор. 

 

Својата кариера како дигитален маркетер ја започна токму во Influencers Club на позиција Creator Sales. Раскажи ни го накратко твоето кариерно патување.

Својата кариера како дигитален маркетер ја започнав во Influencers Club на позиција Creator Sales. По огласот на кој наидов на социјалните мрежи, се одлучив да испратам CV и да аплицирам за практикант. Моите успешни резултати во работењето и праксата доведоа до тоа да бидам една од првите 20 вработени во компанијата. Со сигурност можам да кажам дека се пронајдов на позицијата на којашто работам, а посебен придонес имаат целиот тим на вработени кои дополнително ме стимулираат да бидам сѐ подобра и подобра. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се моментите во кои најмногу уживаш?

Работното време го одредувам сама, бидејќи флексибилноста во оваа компанија е една од нејзините предности. Во текот на работните саати вклучени се и состаноците со тимот за да се избрифираме за актуелните случувања, се синхронизираме за работните активности со тоа што даваме предлози или потенцијални решенија на одредени проблеми со кои се соочуваме во текот на денот. 

 

За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?

Без разлика на годините и искуствата, никогаш не е доцна за промена во кариерниот пат. Доколку имате цел и визија, стремете се кон нивното остварување, бидејќи резултатите кои ќе ги постигнете, искуствата кои ќе ги стекнете и знаењето кое ќе го акумулирате се извор на вашето лично задоволство. 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!