Запознајте ја Ана Вукашиновиќ Атанасовски – алумни студент на нашата Академија за дигитален маркетинг, која покажа одлични перформанси за време на предавањата и не ја пропушти можноста да учествува и да работи на реалните проекти.
По нејзиното завршување на Академијата, Ана започна да работи како Creator Outreach Specialist во Influencers.Club каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.
Си поразговаравме со Ана за нејзиното ново работно место и студентските денови
Здраво Ана! Ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Ана?
Hard Worker и авантурист во душа кој го мотивираат новите предизвици, е токму тоа е Ана.
Три работи кои те опишуваат?
„Мајка” на три шепасти деца, „природохолик” со маана на претерана организираност. 🙂
Ти си наш студент од Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?
Поради впечатливото лого (се гледа дека Brainster има добар маркетинг) 😀 Жолтата боја ми го привлече вниманието да отворам и почнам да истражувам за Brainster. Препораката од блиски личности и многуте успешни приказни, ме натераа да размислувам за нов почеток токму на оваа Академија.
Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?
Дигиталниот маркетинг доживеа експанзија во текот на овие неколку години со што се отворија неограничени можности. Можеби оваа гранка е една од најкреативните која е поврзана со психологија и бизнис.
Во кој дел од дигиталниот маркетинг најмногу се пронаоѓаш?
Додека студирав, како течеше Академијата, секој нов модул ми беше поинтересен и поинтересен, менторите толку добро го пренесуваа своето знаење со толкава пасија да неможев да одлучам по кој правец да тргнам.
Својата кариера како дигитален маркетер ја започна токму во Influencers.Club на позиција Creator Outreach Specialist. Раскажи ни го накратко твоето кариерно патување.
Не можев да поверувам дека толку многу е голем дигиталниот свет и дека за толку кратко време ќе започнам кариера како дигитален маркетер. Бев толку многу желна да го совладам секој нов чекор, па, не знаев за доста, а во еден Start-Up бизнис токму тоа и се бара. Тимот со кој работам има преголемо искуство во овој свет и не престанувам да учам нови работи. Како човек кој секогаш сака да знае повеќе Influencers.Club се покажа како идеално место за почеток на мојата кариера.
Како изгледа еден твој работен ден? Кои се моментите во кои највеќе уживаш?
Слободата за флексибилни работни саати е нешто што најмногу ми се допадна. Работам од дома, па можам да си го организирам времето како мене најдобро ми одговара. Го започнувам денот со кафе додека разгледувам статистики, сѐ уште во пижами. А, после тоа мнооооогу состаноци, и константно истражување и учење. Прекрасно е чувството да направиш план како твојот lead да се однесува, а тоа да резултира со успех во бизнисот.
Најбитна лекција што ја научи на Академијата?
Научив дека секој ја има способноста да оствари сѐ што ќе замисли и сака, и дека не е потребен страв од неизвесност.
За крај – твоја препорака до сите оние кои што размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?
Моја препорака до сите идни студенти би била да бидат љубопитни и истрајни. Да се стремат кон прогрес, а не перфекција. “The best way to predict your future is to create it.” – Abraham Linkoln
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!