Запознајте го Митко Белески – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг кој направи кариерна трансформација во полето на дигитален маркетинг и уште пред да заврши со Академијата, започна да работи во американската компанија Fleet Solutions како дигитален маркетер.
Си поразговаравме со Митко за неговото кариерно патување
Здраво Митко! Ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Митко?
Отворена личност со силна мотивација за учење и развој, подготвен за лидерство и тимска работа.
Три работи кои те опишуваат?
Одлучен, комуникативен и ориентиран кон остварување на целите.
Ти си наш студент на Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?
Бев буквално „уловен“ преку програмата за работа на реални проекти преку тимски и индивидуални активности. Тоа ми помогна да се стекнам со реални вештини и знаења од областа на маркетингот, вклучувајќи ги и дигиталните алатки кои овозможуваат поголем опфат на пазарот поради дигитализацијата на компаниите и услугите.
Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?
Можноста за флексибилно работно време и комбиниран работен модел канцеларија/дома, како и забрзаната дигитализација на бизнисите. Исто така, неминовната трансформација на малите и средни претпријатија, кои имаат потреба од надградување на постоечките кадри со вештини и знаења од областа на маркетингот и користењето на дигиталните алатки.
Својата кариера ја започна токму во американската компанија Fleet Solutions уште пред да завршиш со Академијата, како дигитален маркетер. Раскажи ни го накратко твоето кариерно патување.
Мојата кариера како дигитален маркетер во одделот за продажба ја започнав во компанијата Fleet Solutions. Fleet Solutions е американска компанија која работи во областа на транспорт и логистика, и е дел од Archer Holding групацијата базирана во Америка. Брокерскиот центар каде работам и јас, е задолжен за продажба на разни видови на товари наменети за транспорт, а седиштето е во Охрид.
Како изгледа еден твој работен ден? Кои се моментите во кои најмногу уживаш?
Правам преглед на товарите кои се за продажба за конкретниот ден, вршам истражувања на маркетот и артиклите кои се наменети за продажба, потоа постојано сум во контакт со клиентите заинтересирани за услугите кои ги нудиме, комуницираме и ја договараме цената, условите и времето кога ќе биде реализирана доставата. Најголемо задоволство ми претставува големата динамична природа на самата работа, различните и секојдневни предизвици околу дефинирање на цените и условите на самите услуги кои ги нуди нашата компанија.
За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?
Дефинитивно го препорачувам Brainster, посебно на младите луѓе да го следат трендот на дигитализирање на компаниите и услугите, како и да ги надградуваат своите знаења и вештини за да бидат конкурентни на пазарот на труд, да имаат повеќе можности за заработка и секако можноста за комбиниран начин на работа од дома или канцеларија.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!