Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини.

Со таа цел, ја организиравме и оваа Cross-Academy соработка, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн.

Реалниот проект на којшто се работеше беше за клиентот BAK 2021, а студентите имаа задача да направат дигитална маркетинг стратегија, лого и брендинг како и нова веб платформа.

BAK 2021 е компанија која обезбедува решенија во областа на транспорт, логистика, шпедиција и складирање. Исто така, нуди и камионски транспорт кој претежно е на територија од цела Европа, воедно и бродски и авионски транспортни решенија кои се на глобално ниво.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Тим 1, составен од членовите: Мартина, Катерина, Влатко, Сара, Бианка, Трајче, Моника и Јулија.

 

Во продолжение, си поразговаравме со студентите од Академијата за дигитален маркетинг за искуството на овој проект:

 

 

Мартина – Creative advertising beast & Катерина – Wizard of Light Bulb Moments

Прекрасно поминати 6 месеци, со многу труд, посветеност и креативност. Квалитетен кадар полн со разбирање, поддршка, помош и пред сѐ, луѓе кои се голема мотивација за нас студентите.

Тие 48 часа беа исполнети со многу напорна работа, сепак беше искуство кое многу ни помогна да видиме како изгледа работа за реален клиент и работа во тим. Уште по првиот состанок со тимот, воочивме колку сите сме мотивирани да го најдеме соодветното решение за клиентот. Бидејќи стануваше збор за стартап компанија, маркетинг стратегијата требаше да биде пообемна и подетална, што беше голем предизвик за нас.

Идејата на проектот беше градење на стратегија која ќе и помогне на логистичката компанија BАК да биде дел од онлајн светот. Со добри инструкции и кординации од сите инструктори ја дефиниравме идејата и целта за да добиеме најдобро решение. Целта на маркетинг стратегијата беше истакнување на BАК на социјалните медиуми и привлекување на потенцијалните клиенти. 

 

 

Најпрво направивме brainstorming, каде сите од тимот ги посочивме идеите и јасно ги дефиниравме целите. Маркетинг тимот имаше задача да направи истражување на пазарот, на кој начин ќе го градиме брендот, кои се посакуваните маркетинг цели и како да ги исполниме. Со кординација и соработка со сите од тимот, изготвивме целосен брендинг кој беше во согласност со потребите на клиентот. Дводневна работа исполнета со многу предизвици, стрес и забава. Предвидените 48 часа беа исполнети со постојано надополнување и консултации со останатите академии (Графички дизајн и UX/UI) и менторите. Бевме целосно вложени во развивањето на идеалната стратегија за нашиот клиент што резултираше со успех.

Искуството од учеството на најголемиот хакатон организиран од страна на Brainster е вистински показател дека со добра кординација и организирање на задачите можеме да одговориме на потребите на клиентите.

Секоја амбициозна и креативна личност која што има желба за надградување на своето знаење е добродојдена овде. Незаборавно искуство од 6 месеци, проследено со многу знаење, работа и забава. Посветеноста на менторите и нивната поддршка за време на Академијата, а и по завршување на истата, се голем плус за секој студент.

 

За атмосферата на Хакатонот на Академијата за графички дизајн го дознавме следното:

 

 

Влатко – Logo Master, Сара – Visual Wizard & Бианка – Chief of Branding

Нашиот целосен впечаток од Академијата е на највисоко ниво. Навистина, прекрасно искуство преку кое го издигнавме нашето знаење, не само во сферата на Графичкиот Дизајн, туку и сите дополнителни мали детали кои би ни помогнале во престојната кариера.

Проектот на кој работевме за BАК претставуваше еден вид пракса. Пракса која ни овозможи да искусиме работа во тим, за реален клиент и со определено време на извршување на задачата. Конкретно, проектот се состоеше од изработка на маркетинг план, веб страница и визуелен идентитет на фирма за транспорт и логистика (BАК). Нашиот тим изработи лого, со соодветна типографија и колорит кои јасно ја пренесуваат пораката на фирмата.

BАК е startup логистичка компанија, на која и е потребна online присуство, со цел да ги покаже услугите кои ги нудат и да привлечат нови клиенти. Крајната цел беше да се направи впечатлив визуелен идентитет, кој се состои од лого, типографија и соодветна колоритна шема што ќе ги рефлектира јасно вредностите на компанијата.

 

 

Најпрво разговаравме како тим (заедно со студентите од Ux/Ui и Маркетинг) и ги прецизиравме задачите на секоја од академиите. Потоа, заедно пристапивме кон brainstorming и собирање на идеи и инспирација. Конкретно, нашите задачи претставуваа дизајнирање на визуелниот идентитет на компанијата, кој успешно ќе го претстави карактерот, сликата и идејата на брендот. Тука се вклучува дизајнот на логото, типографијата, боите, формите и визуелните елементи, social media постовите, дизајнот на канцелариските материјали и mockup фотoграфиите. Низ целиот процес си помагавме заедно со другите две академии и разменувавме материјали кои ни беа од помош.

Со оглед на тоа дека хакатонот траеше околу 48 часа, имаше голема ургентност проектот да се заврши на време, а тоа нѐ натера како тим да се организираме и инспирираме едни од други. За проектот понудивме решенија кои би имале долгорочно влијание за успехот на компанијата, но и за заедницата. Незаменливо е искуството како дизајнери да учествуваме на хакатони, овозможувајќи ни мал вовед како би изгледала работата на понатамошни проекти.

За сите коишто се размислуваат да работат како графички дизајнери и сакаат на креативен начин да решаваат проблеми за подобрување на животот во општеството, ние како тим со цело срце им ја препорачуваме Академијата. Менторите на хакатонот и на Академијата се професионалци кои несебично целото знаење ни го пренесуваат. Сите што се пронаоѓаат во оваа сфера ги охрабруваме да закажат состанок со Brainster.

 

За инспирацијата за работа на овој проект, студентите од Академијата за UX/UI дизајн ни раскажаа:

 

 

Трајче – Visual and Strategy Project Leader, Јулија – Analytical Genius & Моника – Wireframе Guru

Академијата најлесно може да се опише како луда железница – прави промена од корен на целиот начин на размислување, почнуваш работите да ги гледаш од друг агол и само што мислиш дека си сфатил, се појавува нова кривина со тон ипол информации и се чувствуваш пак како на почеток. Сѐ на сѐ е неописливо искуство! Академијата бара многу посветеност, но на крајот од денот стекнатото знаење се исплати.

Целата Академија е многу интензивно искуство, а хакатонот е кулминацијата. Тие 48 часа, се исполнети со малку спиење, многу работа, уште повеќе кафе (и многу смеење). Посебно, вториот ден имавме чувство дека работиме 2 недели. Самиот проект беше поприлично обемен, требаше адаптивен дизајн да се направи за продуктот, што значи треба да се презентираат две решенија (Мобилна и Desktop). Целиот тим бевме во постојана комуникација и тоа се рефлектираше на крајниот продукт.

 

 

Најпрво, добро ги анализиравме барањата на клиентот. Тоа го проследивме со истражување на логистичките компании за да можеме да направиме добра компетитивна анализа. Од истражувањето и анализите лесно го извадивме нацртот – Wireframe, на кој ги реализиравме желбите на клиентот. 

Во самиот продукт внесовме сугестии кои би имале долгорочно влијание како врз компанијата, така и врз заедницата. Незаменливо искуство е да се биде дел од ваков проект кој ти овозможува увид во тоа како би ви изгледала работата во понатамошни проекти и како нашата работа влијае на крајниот продукт и бизнисот на клиентот.

Секој кој има желба да наоѓа најдобро функционално решение и да биде мост помеѓу производот и корисниците, а истовремено да има голема креативна слобода, ги охрабруваме да закажат состанок со Brainster UX/UI Академијата за консултации за нивната идна кариерна патека.

 

За задоволството од соработката, нашиот co-innovation партнер BAK 2021 ни сподели:

Имавме потреба од бренд и идентитет за нашата фирма, па слушнавме преку пријател дека Brainster прави соработка со клиенти преку своите академии.

Соработката со Brainster тимот и студентите беше одлична и многу професионална. Ја препорачувам на сите кои што имаат потреба од креативно решение за нивата организација. Можноста да се одбере од веќе изработени 7-8 решенија значително ја зголемува шансата да го добиете токму она што го барате.

 

На Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн, постојано работиме на реални проекти за реални клиенти.

Доколку сакаш да станеш дел од успешните приказни на нашите студенти и да ги надградиш своите знаења и вештини, закажи информативен разговор со нашиот тим.

Уписите се започнати, резервирај го своето место навреме!