Запознајте го Филип Крстевски – алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг кој ја започна својата кариера во светот на маркетингот на практикантска позиција како Account Assistant во Brand Union.
Си поразговаравме со Филип за неговото кариерно патување
Здраво Филип! Ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Филип?
Здраво! Филип е креативен и амбициозен. Сака добра техно журка – partyholic, но исто така е и workaholic, кога станува збор за работа. 🙂
Три работи кои те опишуваат?
Смиреност, посветеност и темелно анализирање на нештата.
Ти си наш студент од Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?
Сакав да научам нешто ново бидејќи цел живот работам со бројки и веќе тоа не ми беше интересно. Навистина, не знаев што сакам, но знаев дека сакам да е креативно. Видов реклама на Facebook за Brainster Академијата за дигитален маркетинг, почнав да истражувам, ми се допадна и решив да се пуштам по тобоганот – па што биде нека биде. 🙂
Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?
Ништо не знаев за дигитален маркетинг. Знаев само основни работи од изгледани документарци и од тоа што сум читал, но како се работи, кои се алатките, не бев запознаен – но ме интересираше. Ме возбуди помислата на целата таа спојка помеѓу дигиталниот свет и конзумирачот – како и на кој начин да им се приближиме на клиентите, а во исто време да е креативно и различно од класична кампања. Всушност тоа беше тригерот за да ја започнам Академијата.
Својата кариера ја започна токму во Brand Union на практикантска позиција како Account Assistant. Раскажи ни го накратко твоето кариерно патување.
За позицијата во Brand Union аплицирав преку платформата на Brainster. По успешното интервју добив можност да станам дел од компанијата. Искрено, бев пресреќен што ми се укажа ваква шанса да учам и работам буквално со најдобрите, да создавам и да ја градам својата кариера во супер тим.
Како изгледа еден твој работен ден? Кои се моментите во кои најмногу уживаш?
Интересно, динамично и возбудливо. Секоја нова задача е поинспиративна и ми дава можност да учам и да созревам. Соработката со колегите, brainstorming-от на дадените задачи, креативните кампањи – искрено уживам во сѐ. Можам да кажам дека имам 8 часа работно време во кое учам, се надградувам, уживам и сум бескрајно благодарен на целиот тим.
За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?
Никогаш не е доцна да се направи промена. Јас на 33 години открив и дознав што всушност сакам да работам вистински и како работата да ми биде најдобар пријател. Преку Brainster научив дека треба континуирано да учиме и да се развиваме како личности. Сметам дека секој има свој момент и треба да го зграпчи бескомпромисно.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!