Запознајте го Боби Јончески – алумни студент на нашата Академија за дигитален маркетинг, кој постигна извонредни резултати, ги совлада сите предизвици и започна да ја гради својата маркетинг кариера токму во компанијата George Kapernaros како Content Marketing Specialist, каде ќе продолжи да ги надградува своите вештини.

 

Си поразговаравме со Боби за неговото ново работно место и студентските денови

 

Пред сѐ, честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Content Marketing Specialist. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за дигитален маркетинг?

Отсекогаш го сметав маркетингот како клучен за успехот на секој бизнис, па кога слушнав за дигиталниот маркетинг веднаш почнав да истражувам повеќе и ја најдов Академијата на Brainster.

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за дигитален маркетинг? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

На Академијата научивме многу, но дигиталниот маркетинг е широка област и е многу тешко да совладаш сè без да се соочиш со предизвици. Сепак, најважно е да се фокусираш на тоа што најмногу го сакаш и да продолжиш да се надградуваш, а вистинските предизвици допрва доаѓаат.

 

По завршувањето на Академијата, започна да работиш во компанијата George Kapernaros. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?

По завршувањето на Академијата, Brainster имаше споделено голем број на огласи за работа од нејзините партнери. Аплицирав на огласите кои ми одговараа, се спремив за интервјуата и по неколку недели започнав да работам.

 

Што би можел да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?

George Кapernaros e агенција специјализирана за e-mail маркетинг и copywriting за онлајн продавници кои продаваат физички продукти главно во здравствената индустрија. Сè уште сме нова фирма на пазарот, но брзо растеме. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?

Моја главна задача е генерирање на traffic за веб сајтот преку креирање на контент кој е SEO оптимизиран. Заедно со тимот комуницираме и се координираме за задачите секојдневно преку Slack и G Suite. Алатки кои најмногу ми помагаат во работата се Ahrefs, Frase.io и Google Analytics.

 

За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја започнеш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера во оваа област и сакаат да преземат ваков чекор?

Тоа што ме убеди да се запишам во Brainster беше up-to-date материјалот, професионалните инструктори и работењето на реални проекти. За сите кои размислуваат да започнат кариера во дигиталниот маркетинг, Академијата на Brainster ќе ви даде одлична основа за тоа.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!