Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да изградат дигитални маркетинг стратегии.

Под менторство на нашите инструктори Ива Дујак, Марко Ивановски и Златко Матески, тие со максимална посветеност и многу труд работеа на реален проект за клиентот Шу-ми Берово.

Шу-Ми Берово е пчеларска фарма која постои повеќе од 150 години и се занимава со производство на органски мед и пчелни производи.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, второто место и најдобрата B2C стратегија му припаднаа на Димитар Тодоровски.

 

За задоволството од соработката, клиентот Шу-Ми Берово ни сподели:

Димитар имаше многу убава презентација на неговиот предлог за B2C стратегија, која веднаш ни падна во очи со уметничкиот пристап. Тој направи одлично истражување и добро ја дефинираше нашата публика. Имаше многу идеи и ни даде предлог за користење на you tube за визуелно препознавање и свесност за брендот – една од точките на кои сакавме да работат студентите.

 

 

Си поразговаравме со Димитар за неговата маркетинг стратегија и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

Здраво Димитар, ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и изработи многу интересни и креативни проекти. Најпрво, како си помина на Академијата?

Ако мериме по продуктивноста, тогаш најдобро си поминав. Академијата беше терен каде што царуваа нови начини на делување, нови идеи, а и пријатели.

 

Со цел да ја комплетираш Академијата, имаше задача да изработиш завршен проект маркетинг стратегија за Шу-Ми Берово. Раскажи ни повеќе за овој проект?

Премногу мотивиран бев за тој проект, од причина што приказната којашто со текот на традицијата ја развил Шу-Ми Берово, беше неверојатна. Проектот содржеше целокупна маркетинг стратегија којашто беше поставена точно према визијата на Шу-Ми Берово за својата иднина.

 

Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?

Целта беше да постигнеме широка препознатливост, со акцент за зголемено присуство на дигиталните канали. Идејата на стратегијата ја следеше историјата на брендот Шу-Ми Берово, којашто е уникатна на овие простори.

 

Како изгледаше целиот процес и кои беа твоите задачи?

Процесот се темели на истражување, најпрво. Моите задачи беа внимателно да откријам, смислам и поставам одредени маркетинг активности кои ќе го покажат брендот во своето најдобро светло. 

 

Што би ни раскажал за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект? Како течеше соработката со клиентот?

Јасно истакната мисија и визија од страна на клеинтот, е она што е нужно за еден маркетер. Во овој случај тоа беше баш како што треба да биде. Возбудлива атмосфера за крајниот исход, следеше до крајот на проектот.

 

И за крај, колку си задоволен од целиот овој процес на работа и работата на ваков вид на проекти, со кои оставаш импакт на целото општество?

Свеста за потребата на дигиталниот маркетинг е многу зголемена во Македонија. Ме радува што нашите изворни брендови се вртат према маркетерите кои имаат вештини, знаење и искуство со кои можат истиот да го развијат во уште поголем и повлијателен бренд.

 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!