Запознајте ја Доротеа Бреслиева – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, која се реши да направи кариерна трансформација во сферата на дигиталниот маркетинг.

Еден месец по стартот на Академијата, таа започна на практикантска позиција во компанијата ReThing, а сега веќе е Marketing Specialist во истата.

 

Си поразговаравме со Доротеа за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Доротеа! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво, здраво! Пред сѐ, благодарам за честитките. Пред помалку од една година бев студент на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster којашто ми овозможи одличен почеток на мојата кариера!  

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Сакав да навлезам во светот на IT индустријата, па дигиталниот маркетинг ми беше нешто што најмногу ме привлече и нешто што ми изгледаше дека е најзастапено во секоја сфера. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

На почетокот од Академијата немав никакво познавање од дигиталниот маркетинг, а денес како што спомнав и погоре сум вработена во таа област. Така што, апсолутно можам да кажам дека Brainster ги надмина сите мои очекувања кои што ги имав од Академијата за дигитален маркетинг. 

 

Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Мојот најголем предизвик беше работењето како маркетер паралелно учејќи ја самата работа на Академијата. На некој начин материјалот кој го учев на часовите имав можност секојдневно да го работам во пракса, но бидејќи бев почетник во оваа работа се случуваше да имам и потешкотии. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Како најинтересен модул би го издвоила креирањето на Landing Page со инструкторот – Давид Шојиќ. 

 

Започна да ја градиш својата кариера како дигитален маркетер во компанијата ReThing. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Всушност, по еден месец од почетокот на Академијата, започнав пракса во компанијата ReThing каде што со огромната помош што ја имав и од двете страни – Brainster и ReThing на страна од знаењето, успеав да добијам и работна позиција.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

За секој оној којшто сака да направи кариерна промена во правецот на дигитален маркетинг, дефинитивно би му препорачала да се запише на Brainster и да биде спремен за почеток на нова кариера во рок од 6 месеци.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!