Hello, June! Let the summer begin.

Во месецот во кој летото официјално започнува те предизвикуваме да го преземеш првиот чекор кон кариерата од соништата на којашто постојано мислиш. Никогаш не е доцна за започнување на ново поглавје во професионалниот живот, но со континуирано пролонгирање можеш да пропуштиш многу добри шанси во животот како на кариерен, така и на личен план. 

Месец мај беше исполнет со голем број успешни приказни, а студентите кои се запишаа на Академиите што започнаа овој месец го прифатија предизвикот да го поминат ова лето стекнувајќи се со вештини кои ќе ги донесат до долгопосакуваната кариера.

Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 17 вработувања, 2 унапредувања, 12 реални проекти и 3 хакатони.

Па така, новостите од месец мај се однесуваат на тоа како продуктивно да го искористиш летото, подобрување на искуството на студентите, реалните проекти на кои тие работеа и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

 

  • 3 причини зошто продуктивно да го искористиш летото

Доаѓањето на летото сите нѐ асоцира на сонце, плажа, одмор, безгрижни денови, дружби со пријателите и пауза од учење. Но, дали летниот одмор треба да биде синоним за период кога не правиме ништо продуктивно? Кога ќе размислиме повеќе на темата, летото делува како идеален период за учење на нови вештини и правење на првиот чекор кон подобра кариера бидејќи е период кога сме генерално послободни, денот е подолг и имаме повеќе време и енергија. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за графички дизајн креираа постер дизајн за МОФ

Со цел да се подобри искуството на студентите од Академијата за графички дизајн, тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер – дизајн за регрутација на нови членови во едукативните клубови кои се во склоп на Младинскиот Образовен Форум. Дознај повеќе!

 

 

  • Изработка на UX/UI дизајн за Универзитетско Студентско Собрание – УКИМ

Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Мери, Душица, Александар, Магдалена и Ива – едни од најактивните студенти на нашата Академија за UX/UI дизајн коишто не ја пропуштија можноста својата страст и посветеност кон UX/UI дизајнот да ја преточат во изработката на овој реален проект за реален клиент. Како дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е предвидена работа на неколку реални проекти, а овој пат студентите имаа предизвик да работат на реален проект за Универзитетското Студентско Собрание – УКИМ на којшто покажаа извонредни резултати. Дознај повеќе!

 



  • 7 работи кои ги научивме од предавањето за проект и продукт менаџмент

Продукт и Проект менаџмент се термини кои често ги слушаме, но што всушност се подразбира под овие термини и кои се работните обврски на проект и продукт менаџерот? Дознај повеќе!

 

 

  • 48 часовен предизвик за студентите софтвер тестери

На овој Хакатон учествуваа вкупно 30 учесници кои беа поделени во 15 парови. Паровите беа мешовито составени од две различни групи на Академијата за Software Testing. Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERLABS – веб платформа на која ќе бидат поставени сите изработени проекти од студентите од Академијата за Full-Stack програмирање, Академијата за Front-End програмирање, Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн. Дознај повеќе!

 

 

  • Завршни проекти на Академијата за Data Science

Работата на реални проекти е една од главните карактеристики на Академијата за Data Science уште од самиот почеток. Па, затоа по завршувањето на предавањата, со цел да ја комплетираат програмата, студентите имаат задача да ги изработат своите завршни проекти.


 

  • Креирање на постер дизајн за Sure Shotz

Последниот предизвик со кој се соочија студентите од Академијата за графички дизајн беше да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Постер Дизајн“ под менторство на нашиот инструктор Иван Дургутовски. Нивната задача беше да креираат креативно решение за постер дизајн за клиентот Sure Shotz – мултифункционална дружина која постојано работи на развивање на хип-хоп културата преку организација на настани, пуштање музика во клубови, соработка со други артисти, диџеи и секакви уметници. Дознај повеќе!

 

 

  • Која е улогата на еден Data Analyst?

Веројатно досега имаш слушнато за Data Аnalyst, но можеби не ти било јасно која е улогата на оваа личност. Тие не се Data Scientists, но не се ниту статистичари. Комбинацијата на податоци и технологија секако звучи интересно, нели? Дознај повеќе!

 

 

  • Најдобрите TED Talks за UX дизајн што ќе те инспирираат

Ако често гледаш TED Talks, веројатно знаеш како тие ти го отвораат умот кон нова перспектива. Или, барем ти даваат некоја поинаква идеја да размислуваш за нештата. Ако си UX дизајнер или планираш да се насочиш кон тоа поле, постојат голем број TED Talks на оваа тема кои можат да ти го дадат поттикот и мотивацијата што ти треба. Дознај повеќе!

 

 

  • 8 работи кои ги научивме од предавањето за графички дизајн

Денес, повеќе од било кога, компаниите ја сфаќаат важноста на квалитетниот графички дизајн и моќта на визуелните комуникации. Запознај се со анатомијата на графичкиот дизајн и дознај кои се основните елементи и принципи на графичкиот дизајн, како и кои квалификации и знаења се потребни за сите оние кои сакаат да градат кариера во оваа сфера. Дознај повеќе!

 

 

  • Доколку те интересира проект и продукт менаџмент….

Дознај повеќе за:

 

 

  • Доживеј ја Академијата преку искуството на нашите студенти

Го создадовме блог серијалот „Студентите зборуваат за искуството“ за да ви ги претставиме приказните на нашите студенти и како тие си поминуваат на предавањата. Дознајте повеќе што тие ни раскажаа!

  1. Академија за Project & Product Management: Александра Сипковска;
  2. Академија за Front-End програмирање: Александар Мицев, Александар Саров, Даниела Дамјаноска;
  3. Академија за Full-Stack програмирање: Даниел Веселинов, Денис Ристовски, Гоце Јорданоски;
  4. Академија за Software Testing: Драган Мишковски;
  5. Академија за UX/UI дизајн: Магдалена Мишков;
  6. Академија за дигитален маркетинг: Марко Јовановски.

 

 

  • Запознајте се со програмата

Го создадовме блог серијалот „Запознајте ги модулите“ за да ви ги претставиме модулите кои се изучуваат во склоп на нашите академии. Дознајте повеќе за наставната програма! Запознај ги модулите на Академијата за графички дизајн:

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Зоран, Кристина и Димитар кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️