Студентите зборуваат за искуството – Драган Мишковски

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Драган Мишковски – студент на нашата Академија за Software Testing за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Драган, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Драган?

Јас сум Драган Мишковски од Скопје. По професија сум дипломиран машински инженер со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор. Сакам позитивни работи кои ќе ме инспирираат како добар филм и трчање на кеј. Доколу сакам нешто да направам, целосно се посветувам и со многу работа успехот е неизбежен.

Периодов на мое огромно задоволство ми се овозможи да направам кариерна трансформација и тоа на начин на кој најмногу посакував. Одреден период помислував дека ризикувам, но сакав да излезам од некоја т.н. комфор зона која доста време ме правеше незадоволен, а без прифаќање на ризик во животот нема успех.

Размислував подолг период и сакав тоа да биде на најдобар можен начин и правев планови. Претходно имав тестирано некои апликации и кога ја видов Академијата за Software Testing на Brainster знаев тоа е тоа што ми треба. Веднаш се јавив и договоривме средба каде и започна мојата нова приказна.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата како студент?

Различно, динамично и со еден збор прекрасно. Не верував дека вака добро ќе се чувстувам и со голем оптимизам влегувам во нови работни обврски. Пред сѐ го повторувам материјалот од претходниот ден и се насочувам на вежбање, комуникација со инструкторите и секако со моите колеги со кои си помагаме и заедно ги решаваме сите проблеми

 

Омилен модул и зошто?

Автоматско тестирање каде низ практична работа можевме да ги видиме бенифитите од него. Уживам кога пишувам автоматски тестови и сакам секојдневно да истражувам нови работи поврзани со овој модул.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Академијата насочува кон вистински правец и добиеното знаење е преголемо. Те поттикнува да размислуваш на поинаков начин и да навлезеш суштински во материјата. Одличната соработка со инструкторите кои се секогаш достапни за разговор, самите проекти и начинот на кој се работи е бесценето, а успехот е неминовен. На идните студенти кои размислуваат да ја запишат оваa Академија топло им препорачувам и без двоумење не чекајте, уште веднаш аплицирајте и бидете дел од уште една успешна приказна.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Работата во групи секогаш ќе ја паметам. Кога си со добра екипа работите стануваат многу појасни и едноставно, по завршувањето на Академијата знам дека многу работи ќе ми недостасуваат.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Кога се работи со љубов, посветеност и високи професионални стандарди успехот е неизбежен. Гледајте само напред, иднината е тука.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Како успешен автоматски тестер секогаш спремен за нови предизвици, со многу поминати проекти.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You