Запознај ги модулите – Историја на дизајн

Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.
Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Историја на дизајн, каде студентите ќе се запознаат со правците, движењата и стиловите од доменот на уметноста и дизајнот.
Иван Дургутовски е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, кој го предава модулот Историја на дизајн и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.
Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за модулот Историја на дизајн:
Што се изучува на модулот Историја на дизајн?
Модулот Историја на дизајн опфаќа запознавање и анализа на правците, движењата и стиловите од доменот на уметноста и дизајнот.
Зошто е важно да се изучува овој модул?
Овој модул е значаен затоа што колку подобро ја познаваме историјата и причините зошто и како настанале одредени промени, толку посуштински пристапуваме кон градење на автентичен стил на изразување.
Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?
Визуелната комуникација се темели на графички јазик на изразување, следствено на тоа, колку повеќе стилови познаваме и владееме – толку повеќе „јазици зборуваме“.
Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?
Како што го изоструваме сензибилитетот, потенцијалот за генерирање оригинални идеи се зголемува. Оние кои професионално и безрезервно ќе се посветат на овој домен може да станат идни уметнички или креативни директори.
Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот?
Секој студент изработува проект во форма на презентација, каде што дава критички и аналитички осврт на омилено уметничко дело/дизајн производ или иницијатива/движење.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!