Во оваа блог објава, си поразговаравме со Марко Јовановски – студент на нашата Академија за дигитален маркетинг за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Марко, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Марко?

32 годишен МЛАД дечко моментално вработен во банка, но време е за промена во мојот живот на професионален план. Не дека не ја сакам моменталната работа, но сметам дека со дигиталниот маркетинг работата е многу подинамична и има многу поголем простор за да ја искористам својата креативност.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за дигитален маркетинг како студент? 

Секој ден е различен, секој ден е посебен на свој начин, секој ден се учи нешто ново. Два ипол часа кои поминуваат како 30 минути благодарение на динамичноста на самите предавања и одличната организираност на тимот на Brainster.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Сите модули ги задоволија моите очекувања и имаше што да се научи, но како омилени можам да ги издвојам Google Ads и Social Media Marketing бидејќи баш овие модули нудат неограничени можности за работа од било каде и било кога.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

За сите оние кои би сакале да направат промена во својата кариера, па дури и оние кои сѐ уште се немаат одлучено во кој правец да го продолжат своето образование, а сакаат предизвици и себеси се сметаат за креативни би им ја препорачал Академијата за дигитален маркетинг на Brainster бидејќи има одлична програма со одличен тим на предавачи кои стојат на располагање на студентите во секој момент и се трудат на секој можен начин да нѐ приближат и внесат во светот на дигиталниот маркетинг.

Еден многу важен дел од Академијата е работата на реални проекти која е дефинитивно од големо значење бидејќи сето тоа што се учи на самата Академија за време на предавањата можеме во реално време на реални проекти, тимски да го пренесеме, да ја искажеме својата креативност и умешност во изнаоѓање на решение за одреден клиент. Исто така, соработката на Braisnter со многу компании нуди одлична можност за препорака на студентите и помагање при вработување дури и во текот на Академијата. So don’t waste your time GO FOR IT !

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

Дефинитивно како момент кој засекогаш ќе го паметам е работата на проектот на Дани Димитровска каде што имавме можност да работиме на реален проект со одлични ментори, да ја искористиме својата креативност, способноста за тимска работа, а притоа да почувствуваме како е да се биде во кожата на еден дигитален маркетер и што всушност ќе се бара од нас во иднина.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Добро истражување на пазарот е клуч за добра маркетинг стратегија.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во Австралија 🙂

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!