Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Motion Design, каде студентите се запознаваат со поимот анимација и ќе имаат можност да ги „оживеат“ нивните проекти.

Александар Поповски е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, кој го предава модулот Motion Design и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за модулот Motion Design:

 

Што се изучува на модулот Motion Design?

Овој модул ги изучува софтверите Adobe After Effects и Adobe Media Encoder. Модулот ќе го изучуваме преку запознавање со широкиот спектар на алатки коишто ги нудат овие софтвери како и нивната работна површина.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Важноста на модулот е во процесот на запознавање со поимот анимација и претставува голема можност за долгорочните планови на студентите. Овој модул е склоп на знаења од сите претходни модули, но и едно повисоко ниво на користење на истите. Во текот на овој модул студентите ќе имаат можност да ги „оживеат“ нивните досегашни проекти преку нивно придвижување и преку креирање на впечатливи анимации. Верувам дека ќе им биде интересен целиот процес на изучување поради разновидноста на алатки што ги нудат овие софтвери.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Преку самото изучување на овој модул студентите веднаш ќе имаат зголемен хоризонт на познавања во сферата на графичкиот дизајн. Како и за сите сфери општо во животот, колку повеќе имаме познавања во насоката на нашите кариери, толку подобро за самите нас. Познавањата на овие софтвери се повеќе барани на пазарот на трудот во нашата сфера, така што самото владеење со нив ќе ги стави студентите на едно понапредно ниво од нивната понатамошна конкуренција.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Имаме голем број на успешни дизајнери коишто самото познавање на овие програми им било „отскочна даска“ за нивните кариерни планови. Почнувајќи од самиот себе, како дизајнер добив самодоверба за мојата работа и начинот на којшто си ги извршував обврските. Убавината на овој модул е тоа што имаме голем спектар на можности и крајни резултати на самите проекти, тоа што нема правилен начин за анимирање и дизајнирање им дава прилика на студентите секој од нив да напредува во различна, но сепак успешна насока.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

На овој модул ќе изработуваме голем спектар на анимации. Прилагодувајќи се на интересите на студентите, нашите часови ќе бидат интересни и од големо значење за сите. Целта на овој модул е самите студенти, по завршување на истиот да бидат самостојни и да ги научат алатките коишто се од суштинско значење за користење на софтверите во текот на нивните кариери како графички дизајнери. Целам да ги мотивирам да размислуваат на впечатливи и уникатни начини преку коишто ќе изработуваат креативи на високо професионално ниво.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!