Продукт и Проект менаџмент се термини кои често ги слушаме, но што всушност се подразбира под овие термини и кои се работните обврски на проект и продукт менаџерот?

Доколку си љубопитен набљудувач на светот околу тебе и понекогаш се прашуваш како може нештата подобро да функционираат, а воедно и човек кој сака да соработува со други луѓе, да менаџира различни задачи и да презема одговорност за своите постапки, но и за постапките на тимот, тогаш можеби си на добар пат да станеш Проектен или Продукт менаџер.

Запознај се со термините Проект и Продукт менаџер, дознај која е разликата помеѓу нив и зошто е важно секоја компанија да ги поседува истите.

 

Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:

 

Што е проект менаџер?

Проект менаџер најчесто е личност која има водечка улога и е одговорна за успехот или неуспехот на еден проект. Секој проект има почеток и старт, а проектниот менаџер го движи проектот низ сите негови фази, од почеток до крај.

 

Кои се фази на проектот?

Секој проект започнува со иницијација, па следува планирање, извршување, мониторинг и контрола на квалитет и фазата на затворање.

 

Кои вештини треба да ги поседува еден проект менаџер?

Најважните вештини коишто треба да ги поседува еден проект менаџер се:

  • Стратешки бизнис mindset;
  • Способност за градење и водење на тим;
  • Разрешување на конфликти;
  • Управување со промени.

И меки вештини како: мотивација, приоритизација, решавање на проблеми, адаптибилност.

 

Која е разликата помеѓу проект и продукт менаџер?

Продукт менаџер е оној кој ја поставува визијата, целта и бизнис траекторијата на производот, а од друга страна, проект менаџерот ги води проектите кои визијата ќе ја претворат во реалност.

 

Што е продукт менаџер?

За да разбереме што е продукт менаџер, најпрво треба да тргнеме од неговата бизнис функција, од причина што главната функција на секој продукт менаџер е да ја максимизира вредноста на продуктот. Односно, да понуди максимална вредност (бенефит, корист) која ќе се испорача на крајните корисници. Продукт менаџер е оној кој дава одговор на прашањата: што, зошто и кога, за продуктот кој треба да се изгради.

 

Кои вештини треба да ги поседува продукт менаџерот?

Најважните вештини коишто треба да ги поседува еден продукт менаџер се:

  • Вештини за стратешко размислување;
  • Business sense;
  • Аналитички и вештини за истражување;
  • Комуникациски вештини.

И меки вештини како: емпатија, интерперсонални вештини, приоритизирање и лидерски вештини.

 

Зошто е важно секоја компанија да има проект и продукт менаџер?

Од голема важност за секоја компанија е да има проект и продукт менаџер бидејќи ниту една компанија без разлика колкав инвестициски фонд има, не може да си дозволи да изгради еден продукт или проект без проект или продукт менаџер, бидејќи доколку нема таква позиција, целиот проект или продукт ќе ја чини компанијата многу повеќе отколку што би ги чинела компензацијата за таа работна позиција.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! 

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!