Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Дизајн на пакување, каде се учат постапките при дизајнирање на проект кој е намененет за печатење.

Дијана Димитриевска е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, а воедно и team lead на дизајн тимот на Brainster, којa го предава модулот Дизајн на пакување и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Дизајн на пакување:

 

Што се изучува на модулот Дизајн на пакување?

Package design – модул во кој се утврдува и имплементира во еден проект сѐ дотогаш научено – типографија, layout, критичко размислување и работа во софтвери. Исто така, се изучува процесот за припрема / експорт на штанца за печатење, а воедно се вежбаат презентациски вештини преку презентација на финалната задача како одговор на зададениот бриф.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Важно е да се изучат постапките при дизајнирање на проект кој е наменет за печатење, да се земат предвид околностите во кои продуктот стапува во контакт со потрошувачите и да се постави визуелната референца согласно дефинираниот таргет.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Овој модул е спој на технички и визуелни вештини на еден дизајнер. Креативно и критичко размислување при имплементирање на одредена визуелна референца во дизајнот е почетна точка, но и техничката имплементација е предизвик кој ако се земе предвид може само да го подобри визуелното решение.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Package design е неизоставен дел од работата на еден графички дизајнер, а исто така, е и интересна насока за професионализација и само во овој домен (секако тоа е индивидуална одлука). Конзумеристичкото општество генерира бројни можности за работа во оваа област, но одговорноста и грижата кон околината носат еден сосема поинаков предизвик, кој веќе не е прашање на време, туку е прашање на начин за изведба – да ја фокусираме креативната енергија тука.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Во овој модул имаме еден реален проект, односно се работи на ре-дизајн на етикета за соодветен клиент, преку работа на истиот се учат припрема/експорт за печатење, позиционирање на проект за зададен бриф, презентација (пред клиент).

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!