Ако често гледаш TED Talks, веројатно знаеш како тие ти го отвораат умот кон нова перспектива. Или, барем ти даваат некоја поинаква идеја да размислуваш за нештата.

Ако си UX дизајнер или планираш да се насочиш кон тоа поле, постојат голем број TED Talks на оваа тема кои можат да ти го дадат поттикот и мотивацијата што ти треба. 

 

Избравме 5 TED Talks од најголемите светски умови во дизајнот коишто треба да ги гледа секој секој UX дизајнер:

 

 

1. The first secret of great design 

Ние како луѓе брзо се навикнуваме на тоа „како стојат работите“. Но, за дизајнерите, начинот на кој стојат работите е всушност можност. Дали работите можат да изгледаат подобро? И ако е така, како?

Во овој забавен, релаксирачки разговор, човекот кој стои зад iPod и Nest Thermostat споделува некои од неговите совети за забележување и насочување на промените преку дизајнот.

 

 

2. The three ways that good design makes you happy 

Дизајнерскиот критичар, Don Norman, го насочува своето остро око кон убавината, забавата, задоволството и емоциите додека гледа на дизајнот што ги прави луѓето среќни.

Тој го споделува она што тој го нарекува 3 нивоа на дизајн: инстинктивност, однесување и рефлексивност и објаснува како секое ниво ја нагласува важноста на емоциите, среќата и задоволството во дизајнот.

 

 

3. How giant websites design for you (and a billion others, too) 

Овој говор на Margaret Gould Stewart, директорка за Product Design на Facebook, открива 3 правила за дизајн на размер.

Таа објаснува како најмалите измени, како што е промената на изгледот на копчињата „ми се допаѓа“ и „сподели“ на Фејсбук, може да предизвикаат глобален бес.

 

 

4. The human insights missing from big data 

Технолошкиот етнограф, Tricia Wang, објаснува зошто толку многу компании носат лоши одлуки, дури и кога имаат пристап до многу големи количини на податоци.

Таа ги идентификува големите стапици со податоците, сугерирајќи ти да се фокусираш на информации од вистински луѓе, наместо само да ги следиш бројките.

 

 

5. To design better tech, understand the context 

Во овој говор, биомедицинскиот инженер, Tania Douglas, објаснува како честопати луѓето ги запоставуваат реалните потреби во потрага по технологија.

Таа сугерира дека подлабокото разбирање на контекстот во кој се користи технологијата може да те доведе до подобри решенија.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!