Запознајте ја Кристина Георгиевска – амбициозна и креативна личност која никогаш не се откажува од својата цел, а тоа ѝ помага да постигне големи успеси на секое поле. 

По завршувањето на Академијата за Full-Stack програмирање, Кристина започна да ја гради својата кариера како junior full-stack developer во компанијата Aaron’s Department, каде што ги усовршува и надградува своите досегашни знаења и вештини.

 

Си поразговаравме со Кристина за искуството од Академијата за Full-Stack програмирање и новото работно место 

 

Здраво Кристина! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделила за останатите? Која е Кристина?

Кристина е амбициозен и креативен човек кој никогаш не се откажува од својата цел, а овој пат целта беше успешно завршување на Академијата и наоѓање на работа во ИТ индустријата со саканата технологија. 

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Прва причина е тоа што отсекогаш ме фасцинирало програмирањето, посебно back-end програмирањето уште од факултет. Ми беше голем предизвик, но исто така имав голема љубов за програмирањето, ама ми требаше поттик и платформа за да почнам. Втора причина е тоа што со знаење на технологиите за full-stack можеме да изградиме сопствени апликации.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Моето искуство како студент беше позитивно со тоа што добив поддршка од сите вклучени, и по завршувањето на Академијата. Ги исполни моите очекувања и некако природно се изненадив од целиот процес од почетокот до крајот. На крајот бев спремна и подготвена за предизвиците во реалниот живот.  

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Мислам дека најинтересен ми беше модулот за Laravel бидејќи досега не сум се сретнала со многу корисен, интересен и детален framework со кој можеме да изградиме веб апликација. Најголем предизвик искрено ми беа реалните проекти, но благодарение на колегите и дополнителните презентации успешно успеав да ги изработам.

 

Твојата кариера како junior full-stack developer ја започна во компанијата Aaron’s Department. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Мојата кариера како junior developer ја започнав во Aaron’s Department. Процесот беше долг, исполнет со 4 интервјуа наменети за да се тестира знаењето и логиката на кандидатот. 

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија?

Областа на компанијата е специфична и не може да се опише во една реченица бидејќи имаме 4 различни производи на кои се работи за пазарот во Велика Британија. А, програмскиот јазик е PHP со користење на framework Laravel и front-end технологии. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Мојот работен ден почнува со daily meeting, многу кодирање и секако време за пауза. Можам со вас да ја споделам официјалната страница на компанијата со цел да добиете поглед на тоа што работам во моментот. Технологијата што ја работам е PHP и framework Laravel, но ги користам и технологиите за front-end што ги учевме и на Академијата – HTML, CSS и Jquery. 

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Ги охрабрувам сите да пробаат и да направат кариера како програмери во ИТ индустријата бидејќи навистина вреди. Само треба да го посветат своето време и енергија во професијата и нема да зажалат за „жртвата“. 

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

За во иднина, посакувам да се најдам во улогата на предавач или ментор на млади програмери бидејќи сакам да пренесувам знаења и искуства со цел да помогнам на некој да ја достигне својата цел. Исто така, за 2 до 3 години сакам да ја постигнам титулата senior developer и да напредувам со своето знаење со повеќе сертификати и работилници. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!