Во оваа блог објава, си поразговаравме со Александра Сипковска – студент на нашата Академија за Project & Product Management за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Александра, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Александра?

Јас сум Александра Сипковска, студентка на Академијата project and product management, и истовремено сум редовен студент на политички науки. Во слободно време волонтирам во невладин сектор, каде практично ги применувам стекнатите знаења од Академијата.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Project & Product Management како студент? 

Академијата ми го прави секој ден поразличен и полн со предизвици. Секоја недела сум во исчекување на новиот модул и новите задачи што доаѓаат со него. Среќна сум за тимската работа што ми овозможува постојано учење од колегите со поголемо искуство. Токму и затоа секоја недела се радувам на задачите што следат.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Дефинитивно би го издвоила модул 3: Буџетирање и project scheduling бидејќи сметам дека како професионално, така и во секојдневниот живот би можел да се примени.

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Доколку сакате проактивна професија, која ви овозможува постојано надградување тогаш проектен менаџмент е токму за вас. Не двоумете се доколку немате искуство во оваа област. И јас на почетокот немав никакво предзнаење, но самата Академија ве води кон брзо напредување. Исто така, не се плашете доколку доаѓате од сосема различна насока. Мојата позадина е политички науки, но тоа не ме спречи да ја приклучам на оваа Академија. Сметам дека го направив вистинскиот избор за себе и со труд и посветеност секој би можел да се вклопи без разлика на позадината и искуството.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

Се сеќавам на почеток колку бев исплашена и се двоумев дали ќе се снајдам поѓу колегите со многу поголемо искуство од мене. Но, тие мисли набрзо ги снема и навистина се осетив прифатено од околината и покрај тоа што имав помалку искуство од останатите.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата? 

Not all risk is bad, but some risk must be taken in order to progress. Ова ми е новото мото, да не се плашиме од ризици туку истите да ги прифатиме и да постапуваме со нив проактивно

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам себеси како проектен менаџер кој покрај менаџерските вештини ќе ги надгради и лидерски способности како сослушување, мотивирањеи поттикнување на останатите членови од тимот.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!