Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Дизајн на визуелен идентитет, каде студентите ќе ја научат основната важност на дизајнирањето на визуелен идентитет кој има цел да го одвои секој бренд од конкуренцијата.

Александар Нофитоски е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, кој го предава модулот Дизајн на визуелен идентитет и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за модулот Дизајн на визуелен идентитет:

 

Што се изучува на модулот Дизајн на визуелен идентитет?

На овој модул се изучува целокупниот процес на дизајнирање на визуелен идентитет од почеток, па сѐ до креирање на презентација и презентирање на дизајните пред клиентот.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Важноста на овој модул е доста голема затоа што на секој бренд/компанија му треба добар и адаптибилен визуелен идентитет за да го одвои од конкуренцијата и ќе направи одреден бренд да биде препознатлив користејќи ги сите поставени правила и дизајни по кои би се креирала приказната на самиот бренд.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Дизајнирање визуелен идентитет за клиент, како да креирате добар дизајн на визуелен идентитет, процес и типови на лого дизајн, процес на дизајнирање на визуелен идентитет, што сѐ треба да содржи и како да се направи структура за презентација на визуелен идентитет, финална презентација на визуелен идентитет пред клиент каде што секој студент си го презентира својот дел и го објаснува процесот.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Перспективата на визуелниот идентитет е доста голема така што еден млад дизајнер може да почне како лого дизајнер, па потоа да биде дизајнер за визуелен идентитет, UI дизајнер, па сѐ до арт директор каде што ќе бидат одредувани правила по кои ќе се движи еден бренд, без разлика дали тоа се материјали во принтана или дигитална форма. Визулениот идентитет се користи скоро во секој сегмент во дизајнот од дизајнирање на лого, дизајн на целосен брендинг, па сѐ до креирање на дизајн системи за веб страници и апликации.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Предизвикот на овој модул е тоа што студентите покрај домашните задачи работат на реален проект за клиент. Имаме состанок и даден бриф од клиентот каде што студентите поставуваат прашања сѐ со цел за добро да ја разберат проблематиката и што треба да направат. Студентите ќе го научат целиот процес како е да се работи со клиент, кои се правилата и скалилата кои треба да се поминат во процесот, како да прават истражување за проектот за кој работат и најважното е дека ќе научат да креираат одлична презентација која ќе ја презентираат пред клиентот.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!