Со цел да го подобриме искуството на студентите го организиравме и вториот Хакатон на Академијата за Software Testing.

Нашите студенти – софтвер тестери имаа можност да ги искористат новостекнатите знаења и вештини работејќи на реален проект за реален клиент и да испорачаат решение за 48 часа.

Работејќи под притисок, тимски, пријателски се натпреваруваа помеѓу себе, а со тоа имаа можност да бидат дел од едно возбудливо и ново искуство.

На овој Хакатон учествуваа вкупно 30 учесници кои беа поделени во 15 парови. Паровите беа мешовито составени од две различни групи на Академијата за Software Testing

Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERLABSвеб платформа на која ќе бидат поставени сите изработени проекти од студентите од Академијата за Full-Stack програмирање, Академијата за Front-End програмирање, Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн. 

Со цел да ги мотивираме, но и да го разбудиме во нив компетитивниот дух за најдобриот пар студенти обезбедивме награда – карти за учество на реномираната регионална конференција за софтвер тестери SEETEST 2022.

Студентите од Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање ги изработија индивидуално своите проекти, согласно барањата на соодветната академија и ги доставија до студентите од Академијата за Software Testing, подготвени за тестирање.

 

Во продолжение прочитајте што ни раскажа победничкиот пар за целиот процес на работа и атмосферата на Хакатонот

 

 

Здраво девојки, честитки на вашето победничко решение. Ние на Академијата за Software Testing ве познаваме, но што би споделиле за останатите?

Надица: Јас сум Надица Мирческа Шајновска од Скопје, магистер по безбедност и студент на Академијата за Software Testing. За себе можам да кажам дека сум личност која сака да учи и да се соочува со нови предизвици.

Билјана: Јас сум Билјана Ѓоргоска, дипломиран професор по француски јазик и студент на Академијата за Software Testing. Покрај љубовта кон јазиците отсекогаш ме интересирала технологијата и ИТ светот, па затоа после долго истражување и размислување одлучив да се запишам на Академијата за Software Testing и дефинитивно не погрешив.

 

Како се одвиваше целиот процес на работа?

Целиот процес започна во сабота рано наутро со брифинг, каде сите студенти бевме детално запознаени со спецификациите на проектите и задачата којашто требаше да ја завршиме во рок од 48 часа. Потоа, веднаш започнавме со организација. Постојано бевме во комуникација, меѓусебно си ги распоредивме задачите и одговорностите. Секој пар имаше по 2 термина за менторска сесија. Воглавно започнавме со пишување на тест кејсови, каде подоцна се концетриравме на bug report-ите. По 48 часовната напорна работа, во недела вечер следуваше и финалната презентација каде пред Комисијата понудивме едно реално и функционално решение. И на крај голема благодарност до менторите Катерина и Борјанка кои ни дадоа вредни насоки во текот на хакатонот. 

 

Кои беа барањата на клиентот?

Работевме на реален проект. Од страна на клиентот имавме доставено спецификација со детално прецизирани барања во однос на тоа како треба да изгледа веб страницата што требаше да ја тестираме, како на пример функционалности на формата за регистрација, логин формата, проектите, а воедно и дизајнот на целиот проект. Тестиравме четири веб страници изработени од четворица различни девелопери и сето тоа требаше да биде готово за 48 часа.

 

 

Со кои предизвици се соочивте?

Најголемиот предизвик со кој се соочивме беше да постигнеме да изработиме сѐ во рок од 48 часа, а исто така и да ја постигнеме целта и барањата на клиентот. Поддршката која си ја дававме една на друга, за време на целата работа, ни овозможи да имаме поголема доверба, мотивација и истрајност. Како тим, работевме како едно и успехот е заеднички.

 

Што сѐ беше потребно за вашата финална презентација да биде победничко решение?

Мораме да признаеме дека навистина бевме премногу среќни, но воедно и изненадени кога дознавме дека сме победиле на Хакатонот. Пред сѐ, за нас тоа беше огромен предизвик да видиме колку сме научиле. Можеме да кажеме дека дефинитивно тимската работа, довербата што си ја дадовме една на друга, безрезервната посветеност во тие 48 часа, секако и знаењето што го имавме стекнато дотогаш беа пресудни за нашиот успех. 

 

Какво беше вашето искуство од овој хакатон? Што најмногу ви остави впечаток?

Учеството на Хакатонот е одлично и незаборавно искуство. Работевме на реален проект каде добивме јасна слика за тимската т.е работната атмосфера. Најголем впечаток ни остави позитивниот притисок, каде треба да бидеш добро организиран и за одредено време да ја сработиш успешно работата.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте на Академијата за Software Testing? 

Како што кажавме и претходно, запишувањето на Академијата за Software testing е една од подобрите одлуки што сме ги донеле во однос на кариерното напредување и дека ги надмина нашите очекувања. Со постојано вложување во себе, посветеност, многу учење и труд, успехот е неминовен. Како некој што немал никакво претходно искуство, сега слободно можеме да кажеме дека се чувствуваме многу посигурно и посамоуверено, како на личен така и на професионален план.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!