Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми, каде студентите учат како да го користат софтверот Adobe InDesign.

Ана Тодоровска е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, која го предава модулот Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за модулот Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми:

 

Што се изучува на модулот Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми?

На модулот студентите го изучуваат работењето со софтверот Adobe InDesign т.е. се подготвуваат да можат самостојно да дизајнираат различни публикации, книги, брошури, каталози, списанија, флаери и да научат сработеното да го подготват за печатење или дигитално објавување.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Модулот е значаен да се изучува бидејќи Adobe InDesign е еден од трите најкористени софтвери за графички дизајн, покрај Illustrator i Photoshop. Низ него, всушност добиваат алат за работа во понатамошната кариера. Со помош на алатките успеваат да го реализираат сè она што го замислиле низ креативниот процес и да добијат финално сработен проект, којшто покрај тоа што ќе биде креативен, ќе биде вешто визуелно обликуван.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Сè што ќе научат на модулот има секојдневна примена во работењето како графички дизајнер бидејќи постојано ќе се сретнуваат со проекти и задачи коишто ќе бараат користење на софтверот Adobe InDesign, завршување на задачите во кратки рокови, ќе бара добро визуелно обликување и применливост и секој сработен проект на крајот од процесот ќе мораат да го спакуваат како готов производ кој треба да се испечати или дигитално да се публикува.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Со оглед на тоа дека сме постојано опкружени со книги, списанија, рекламни материјали како каталози, брошури, флаери… секако дека има перспектива за професионалците во оваа област. Секогаш треба да има некој којшто ќе го сработи сето ова за да добиеме финален продукт.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Во текот на модулот студентите работат на вежби низ часовите, домашни задачи и финален самостоен проект. Ќе научат како да средат магазин и брошура, да поминат низ комплетниот процес на дизајнирање, подготовка за претставување пред клиент и подготовка на материјалите за печатење и дигитално објавување.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!