Запознајте го Димитар Ковачки – алумни студенти од Академијата за Front-End програмирање, кој има огромна страст кон програмирањето.

По завршувањето на Академијата за Front-End програмирање, Димитар се вработи во компанијата Melon каде што ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.

 

Си поразговаравме со Димитар за неговото ново работно место

 
Здраво Димитар! Ти си наш алумни студент од Академијата за Front-End програмирање. Ние веќе те знаеме, но што би споделил со останатите? Кој е Димитар?

Здраво здраво! Јас сум Димитар а.к.а. Jimmy и доаѓам од градот на конзулите, Битола. Би се опишал како љубопитен, креативен и дружељубив човек, со огромна љубов кон уметностите, особено кон програмирањето и музиката. 

 

Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како front-end developer. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?

Сметам дека програмирањето е вид на уметност. Front-end, особено, дозволува користење на основните сликарски елементи, форма и боја, преку користење на тастатура и монитор наместо платно и четка како основен алат. Другата основна поента на програмирање е решавање на проблеми и олеснување на секојдневието. Спојот на љубовта кон уметноста и желбата да решавам предизвици и проблеми, беа појдовна точка кај мене да се роди нова љубов, токму овој тип на програмирање.

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Front-Еnd програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

На Академијата влегов со малку претходно IT искуство и со огромна желба да научам нови работи и да си ги проширам видиците. И знаете што? Беше така! Инструкторите, колегите и одличната работна средина која ја создадовме заедно, ми помогнаа да ги надминам сите предизвици и да стигнам до ниво каде ќе можам да се наречам front-end девелопер.

 

По завршувањето на Академијата за Front-Еnd програмирање започна да работиш во компанијата Melon. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?

Упорност, посветеност, позитивно размислување! Кога човек се стреми кон нешто, мислам дека ќе ги надмине сите препреки и ќе ја постигне својата цел, баш преку овие особини и начин на размислување. Се разбира, потребно е да се покаже знаење, но уште поважно е да се има желба за учење нови работи, посебно во front-end светот, кој е динамичен, флуиден и „секој ден“ има некој новитет или тренд.

 

На кое твое достигнување си најмногу горд во животот?

Landing my dream job! И не само тоа, се гордеам со реалните проекти на кои работев додека студирав на Академијата. Не само што ми го збогатија потрфолиото, преку тие проекти научив многу.

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Се гледам како успешен девелопер, опкружен со супер колеги, во пријатна средина!

 

За крај, што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Front-end програмери и сакаат да преземат ваков чекор?

Ако имате некој глас во себе кое ве наведува да мислите на front-end, не го игнорирајте. Направете едно истражување што е и како функционира светот на front-end и ако тој глас продожува да ви зборува, Just do it! Тоа е она што ви треба, вистинската професија за вас!

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.