Доаѓањето на летото сите нѐ асоцира на сонце, плажа, одмор, безгрижни денови, дружби со пријателите и пауза од учење. Но, дали летниот одмор треба да биде синоним за период кога не правиме ништо продуктивно? 

Кога ќе размислиме повеќе на темата, летото делува како идеален период за учење на нови вештини и правење на првиот чекор кон подобра кариера бидејќи е период кога сме генерално послободни, денот е подолг и имаме повеќе време и енергија.

 

Иако постојат многу причини зошто продуктивно да го искористиш летото, ние ги издвоивме 3-те најрелевантни:


  • Поголема флексибилност 

Во летните месеци, сите планираме да излегуваме и да патуваме. Учењето за време на летото можеби изгледа несоодветно. Но, не мора така да биде и во реалноста. 

Со достапноста на online учењето, ти во летните месеци имаш можност да го искористиш слободното време и за учење, но и за релаксација. 

Најпозитивната страна на online учењето е тоа што предавањата можат да се следат од било каде! 

Без разлика дали ќе бидеш дома, на плажа, на пикник, во парк или пак во некое кафуле – ти ја имаш можноста да учиш нови релевантни вештини.


  • Повеќе слободно време

Сите го чекаме летото со нетрпение и бидејќи денот трае подолго, времето е пријатно и сите имаме помалку работни обврски, дистракции и притисоци. 

Поради ова, летото е одличен период каде што имаш повеќе слободно време за учење и подобар фокус за совладување на најважните вештини за кои постои голема побарувачка на пазарот. 


  • Oдличен период за кариерна трансформација

Додека ги полниш своите батерии за време на одморите, опуштањето може негативно да влијае врз твојата мотивација, меморија и ентузијазм за учење на нови нешта. 

Затоа, треба да го искористиш периодот во сосема друга насока – да почнеш да ги надградуваш своите вештини и да го искористиш летниот период побрзо да излезеш на пазарот на труд, со ќе имаш и голема предност пред повеќето.

 

Во продолжение, дознај повеќе што споделија нашите студенти кои го искористија летниот период за учење на нови вештини

 

 

Глорија Јанева – графички дизајнер во дизајн тимот на Brainster

Минатото лето, иако бев на крајот на моите студии, имав план да го надградам моето знаење и донесов одлука да учам на Академијата за Графички Дизајн во Brainster. Имав многу слободно време преку лето, како и сите млади луѓе, па сакав да го искористам продуктивно. Не погрешив во одлуката бидејќи научив многу, а стекнав и добри навики. 

Можеби на некои млади учењето преку лето им е табу тема бидејќи летото го гледаат строго како период за одмор. 

Но, јас се уверив во спротивното, односно дека во летото освен одмор можеш да направиш и многу други работи кои ќе ти бидат во прилог на твојата иднина. Во тоа се уверив после моето летно учење на Академијата за Графички Дизајн, кое резултираше со практикантска позиција, а подоцна и официјален член на дизајн тимот во Brainster. 

Од целиот овој исход како доказ, можам да ги поттикнам сите млади кои планираат да се надградуваат себеси, да не чекаат до почетокот на официјалната школска/студиска година, туку без колебање да аплицираат сега.

 

 

Петар Урџанов – Data Scientist во компанијата iERP.ai

Започнав на Академијата за Data Science за време на пандемијата, кога секој човек беше во потрага по вентил на креативно празнење и нешто кое ќе биде добро за неговото ментално здравје. 

Мојот вентил за креативно празнење „протече” во април минатата година и ме водеше низ многу непознати и возбудливи води. Не беше секогаш забавно, особено во пролетните и летните денови, кога сите го користеа викендот да уживаат во природа, а ние имавме вежби.

Но, како што викаат кога се сака се може, па дури и одморот го поминавме со предавања и вежби, па затоа Python сега ме асоцира на плажа. Нормално сето тоа беше возможно и поради фактот што целата Академија за Data Science беше online, па не беше секогаш важно каде се наоѓаме. Сè на сè, ова беше hell of a year и сум презадоволен со сè што научив во неа.

 

 

Никола Ѓуровски – Project Manager во компанијата Agile Pro Solutions

Каде на одмор летово? Работно, пред компјутер. 🙂  Ова лето ќе биде ултра продуктивно, како што приближува крајот на Академијата за Project & Product менаџмент и сè уште трае моето етаблирање на новото работно место.

На Академијата за Project & Product менаџмент, колегијалноста меѓу студентите прерасна во вистинско пријателство и тоа дополнително ме мотивира да дадам сè од себе за успешен крај на програмата.

На работното место е многу интересно, бидејќи ги применувам стекнатите знаења и го гледам нивниот резултат. 

Се надевам дека ова, за мене малку поразлично лето, ќе го памтам по остварениот напредок во кариерата и ќе раскажувам на моите внуци еден ден: „Еееее деца, летото 2022 година колку беше продуктивно, камо да знаев порано дека може за работа да се користи и таа временска сезона, еве ви кажувам од искуство, бар вие да си знаете”. 🙂

 

Доколку сакаш да го искористиш летото продуктивно и да научиш нови вештини, закажи информативна средба со нашиот Admission Team.

Уписите се во тек! Побрзај и резервирај го твоето место навреме!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.