Изработка на UX/UI дизајн за Универзитетско Студентско Собрание – УКИМ

Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Мери, Душица, Александар, Магдалена и Ива – едни од најактивните студенти на нашата Академија за UX/UI дизајн коишто не ја пропуштија можноста својата страст и посветеност кон UX/UI дизајнот да ја преточат во изработката на овој реален проект за реален клиент.

Како дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е предвидена работа на неколку реални проекти, а овој пат студентите имаа предизвик да работат на реален проект за Универзитетското Студентско Собрание – УКИМ на којшто покажаа извонредни резултати.

 

Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за UX/UI дизајн за искуството од овој реален проект

 

 

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за UX/UI дизајн, кои покажаа голема заинтересираност кон UX дизајн и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што ве држи мотивирани низ текот на предавањата?

Мери: Setting goals is the first step in turning the invisible into the visible.

Душица: You cannot discover new oceans unless you have the courage to lose sight of the shore.

Магдалена: Strive to be different, not better.

Ива: Have no fear of perfection – you’ll never reach it.

 

Како дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн, имавте задача да изработите реален проект за клиентот УСС. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?

Мери: Работата на реален проект за реален клиент ни овозможи да се соочиме со работата во реалниот свет и конечно да ги примениме работите кои до тој момент ги учевме само теоретски или низ фиктивни задачи. Неспоредливо поголем е притисокот, но и предизвикот да се применат соодветните методи и да се понуди вистинското решение.

 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?

Мери: УСС е тело формирано од студентите за студентите. Негова примарна задача е бранење на нивниот интерес преку најразлични проекти и активности, како лобирање во надлежни институции, организирање конференции и работилници, залагање за подигање на културно забавниот живот на студентите итн. Како актуелни и бивши студенти едноставно се ставивме во улогата на крајни корисници и што е тоа што нас ни претставуваше најголем предизвик во текот на студирањето. Идејата беше да креираме едноставна и прегледна веб страница која ќе го скрати времето кое ќе им е потребно на корисниците за пронаоѓање на потребните работи, а истовремено ќе биде со забавен карактер и ќе ги „натера“ одново да се враќаат на неа.

 

Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете? 

Душица и Ива: Процесот на дизајн го изведувавме во рамки на еден месец и се состоеше од 4 фази од кои првите 3: идентификување, дефинирање и градење на идејата ни одземаа исто толку време колку и само последната фаза – дизајн. Крајната цел би кажале дека беше враќање на довербата на студентите во Универзитетското Студентско Собрание како единствено легитимно тело – посредник меѓу нив и институциите, како и иницирање поттик за искажување на проблемите со кои се соочуваат во тек на студиите. 

 

 

Кои беа вашите задачи и со кои техники и алатки се служевте? 

Душица: Нашата задача беше планирање на целиот UX процес. Секој член од нашиот тим работеше подеднакво на секој дел од процесот, а од алатки кои ги користевме би ги издвоиле Трело – за следeње на процесот, Миро – за brainstorming, Илустратор и Фигма – за дизајн.

 

Од каде ја црпевте инспирацијата? 

Магдалена: Кога станува збор за функционалностите, не може да се каже дека од некаде црпевме инспирација, туку дека направивме сериозно истражување и анализа, преку огромен број на интервјуа со студенти со цел разбирање на нивните потреби, но и фрустрации, па оттаму дојдовме до она што е неопходно да биде застапено на страницата. Кога станува пак збор за дизајнот, во самиот старт знаевме дека ќе си „играме“ со делови од логото и ќе одиме на минималистички дизајн. Крајната цел ни беше креирање на веб страница која ќе биде едноставна за користење, функционална, а истовремено и eye-catching. 

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка? 

Ива и Магдалена: Имајќи предвид дека ова беше наш прв реален проект во рамки на Академијата, предизвикот беше голем бидејќи за прв пат требаше да го примениме сето она што теоретски дотогаш го имавме научено. Како тим не ни беше прв пат да работиме заедно, па веќе знаевме дека сме на иста страна кога станува збор за дизајн – а тоа е минимализмот, а кога станува збор за делот анализа – темелни истражувачи. Соработката течеше некако спонтано, буквално се надополнувавме еден со друг, несебично споделувавме знаење и се градевме како UX/UI дизајнери и индивидуално, но и како тим.  

 

Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете? 

Александар: Секако дека во текот на секој проект се појавуваат предизвици, но нашиот тим предизвиците не ги гледаше како проблеми, туку само како инспирација за креативно размислување и забавни brainstorming сесии.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте на Академијата за UX/UI дизајн? 

Александар: “The process of the UX/UI design is very round, because there is no perfect solution, there is only solution that is good enough for constant upgrade”.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!