Студентите зборуваат за искуството – Александар Мицев

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Александар Мицев – студент на нашата Академија за Front-End програмирање за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Александар, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Александар?

Јас сум Александар Мицев, живеам во Велес, имам 32 години и голема желба за откривање на „светот на програмирањето“. Оваа желба кај мене постои долго време, па секогаш во слободно време го следам развојот на програмирањето и сите новости кои со текот на годините се јавуваат, меѓутоа до овој момент, сето ова остана неформално учење и знаење. Присутната пандемија со која сè уште живееме, дополнително ја поттикна оваа желба за програмирање и мојата решеност сериозно да започнам да се надградувам во овој правец. Бидејќи веќе бев информиран за начинот на студирање на Brainster, не постоеше никаква дилема да бидам дел од оваа заедница.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Front-End програмирање како студент?

Денот поминат на Академијата е доста интересен и динамичен. Најнапред морам да нагласам дека начинот на одвивање на учењето на Brainster ги надмина моите очекувања. Академијата има подготвено одличен начин на предавања од искусни предавачи кои умеат да го пренесат своето знаење, па оттука денот поминат на Академијата поминува доста брзо. Покрај предавањето, каде има одлична можност да се научи предвидениот материјал, посебно интересни се менторски средби каде тимски се решаваат предвидените задачи, а секако тука се и редовните работилници каде дополнително секој студент се надградува со претходно совладаниот материјал.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Од досегашната програма на Академијата, омилен модул ми е Javascript, што всушност ми беше и предизвик за успешно да го совладам. Можеби на прв поглед е покомплексен модул за разлика од претходните, сепак со помош на предавачите од Академијата секоја потешкотија лесно се надминува, па оттука очекувам успешно завршување на овој модул, како и претходните модули.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Во однос на Brainster Академијата, морам да нагласам дека секој кој има желба, воопшто не треба да има дилеми дали да се запише и да започне со откривање на „нови светови“. Она што е значајно е тоа што Академијата е одлично организирана со имплементирање на сите новини и промените во сферата на информатичката технологија, програмата е поставена како би можела истата во целост да се совлада, што за секој студент претставува крајна цел.

Исто така, доста значајно е тоа што Академијата од самиот почеток на студирањето е во постојана комуникација и достапна за секој нејзин член, континуирано се одржуваат состаноци со сите членови на Академијата за решавање на сите предизвици кои стојат пред студентите. Секој член има можност секојдневно да комуницира со предавачите, кои секогаш се тука за решавање на потешкотиите кои се јавуваат при процесот на совладување на предвидениот материјал. Од оваа причина, нема дилеми дека Brainster Академијата е број 1 дестинација за сите што имаат интерес во оваа сфера!

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Има повеќе моменти кои ќе се паметат, но ако треба да изберам најзначајни, тоа се моментот кога пред скоро време го подготвувавме првиот проект, навистина интересен и динамичен период каде сите се насочувавме за успешно завршување на истиот. Секако, незаборавен ќе биде мојот тим составен од Јасмина, Марија, Зафир и Марјан, со кои благодарение на Академијата станавме пријатели, постојано сме во контакт и со кои многу често и до доцна во ноќта, тимски решаваме предизвици и менторски задачи.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Сѐ може да се совлада, дури и најтешкото, доколку постои решителност и добра организираност.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Засега сум насочен кон успешно завршување на Академијата, а во иднина секако се гледам како одличен Front-end програмер. 😊

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!