За да го мотивираш твојот тим потребно е на членовите да им понудиш нешто повеќе од плата и денови за одмор.

Добриот проект и продукт менаџер мора да знае како да го стимулира тимот. Мотивиран тим со желба за работа и напредување е главен фактор за зголемување на продуктивноста, а воедно и ефикасноста и ефективноста на компанијата!

Какви сѐ чекори можеш да преземеш за да го мотивираш твојот тим?
  • Ownership

На секој член од тимот распредели му одредена работна задача која ќе биде само негова одговорност. Задади им deadline и остави ги сами да го организираат своето време. Кога на членовите од тимот ќе им дадеш поголема одговорност, им даваш до знаење дека веруваш во нив. Тоа ќе го сфатат како предизвик на кој ќе мораат да одговорат!

  • Флексибилност на работното место

Флексибилно работно време е популарен тренд во последните години кој се практикува во сите модерни компании и стартапи. Тоа ја зголемува нивната продуктивност, посветеност и ефикасност и го намалува нивото на стрес. Дозволи флексибилни паузи, во зависност од потребите на членовите од тимот. Членовите од тимот ќе можат да си дозволат подобар work-life баланс, и ќе гледаат на работата како нешто што мора да биде добро завршено. Ако им кажеш и им покажеш дека се грижиш за нивните потреби, тие повеќе ќе се грижат за потребите на фирмата и конкретниот проект.

  • Организирај team building

Мотивацијата за доаѓање на работното место е поголема доколку се работи во пријатна средина. Важно е да ги поттикнеш членовите на тимот да се опуштат и да развијат пријателски однос. Постојат многу team building активности кои може да го зближат тимот, но ти си тој кој треба да ги иницира!

  • Заедничка chill зона

Одреден простор во работното место нека биде само за седење и релаксирање. Доколку имаш можност, испланирај цела соба/канцеларија. Bean bags, маса за пинг понг, телевизор, фудбалче, музички систем, книги, пикадо  – стави сѐ што мислиш дека ќе им помогне на вработените да се опуштат во текот на денот.

motiviranje tim
  • Пофалби и награди

Секој сака да му се цени трудот. Ако твоите вработени се навистина вредни и посветени на работата – пофали ги! Подели ја работата на помали работни задачи и задади им deadline до кога треба да ги исполнат. Направи неделни, месечни и квартални таргети. Награди ги сите кои ќе ги исполнат зададените задачи! Не мора да биде некоја голема награда – без разлика дали е паричен надоместок, вредносен ваучер или заслужен слободен ден, вработените ќе го ценат тоа.

  • Транспарентност

Биди отворен! Кажувај како реално стојат работите, без разлика дали вистината е убава или лоша вест. Не ги криј информациите кои се релевантни за твојот тим! Кажи им јавно доколку има некаков проблем – тимот ќе го цени тоа, а можеби ќе понуди и некое решение!

  • Сослушај ги и почитувај го нивното мислење

Дозволи му на секој член од тимот да го каже своето мислење кога треба да се донесе одлука. Поддржи ги доколку имаат добра идеја! Секој вработен би се трудел да остави добар впечаток на претпоставен од кој ќе слушне дека му значи неговото мислење!

  • Биди достапен

Твојата врата треба да е секогаш отворена за нив! Прими ги на разговор и ислушај ги кога имаат потреба за тоа. Дај им до знаење дека секогаш можат да ти се обратат и да те прашаат за што и да им треба, па дури и да не е поврзано со работата.

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!