Студентите зборуваат за искуството – Гоце Јорданоски

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Гоце Јорданоски – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.
Здраво Гоце, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Гоце?
Здраво. Јас сум Гоце Јорданоски. Студент на Aкадемијата за Full-stack програмирање. Мојата опсесија кон компјутерите и програмирањето е од многу рана возраст. Најголема мотивација за она што сум сега е Terminator. Филм кој што ми ја покажа моќта на технологијата.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Full-Stack програмирањекако студент?
Секој ден поминат на Aкадемијата носи нови предизвици. Еден мој регуларен ден како студент на оваа Aкадемија започнува со разгледување и повторување на материјалот, решавање на нови предизвици, истражување за како подобро да совладаме одреден проблем, припрема за нова лекција и за крај резимирање на сето ново стекнато знаење.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
JavaScript – можноста за развивање на Artificial Intelligence and Web Game Development.
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Академијата за Full-stack програмирање носи големи одговорности во иднина. Како Full-stack девелопери можеме да ја гледаме поголемата слика на еден проект. Тоа значи дека можеме подобро да го гледаме концептот на одредени проблеми и да најдеме ефикасно решение за истиот.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Учеството на реалните проекти, хакатоните и соработката со колеги на дополнителните проекти.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
You will never know everything.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Во топ 1% од најдобрите девелопери на овој свет и креатор на Skynet.
Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!