Во оваа блог објава, си поразговаравме со Магдалена Мишков – студент на нашата Академија за UX/UI дизајн за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Магдалена, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Магдалена?

Здраво, јас сум Магдалена, магистер по економски науки со ненадминлива желба за уникатност која ме води во секој аспект од животот. Долгогодишната работа во една од најстрого регулираните бранши – банкарството, од една страна ме научи како е да се работи по строги правила и процедури, но истовремено ми ја наметна потребата за потрага по покреативна работа која ќе ми претставува предизвик и ќе ме поттикнува секојдневно да истражувам и да се надградувам. UX/UI како гранка која претставува одличен спој на аналитичност и креативност, беше соодветната комбинација на прагматичност и идеалистичност, како моја идна животна определба.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за UX/UI дизајн како студент?

Моментално сум во завршната фаза на Академијата, односно работам на изготвување на моето портфлио. Дојде моментот кога сама на себе сум си клиент, најтешкиот проект до сега. 🙂 Денот ми се состои во многу часови истражување, консултации со менторот во однос на содржината на веб страницата, правење почетни нацрти на истата. Накратко, секој ден на Академијата ми се состои во учење на нови работи и нивна практична примена низ реалните проекти.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Би ги посочила Discovery и UI како подеднакво интересни модули. Discovery бидејќи Барбара ни ја вгнезди љубовта кон истражувањето и нè запозна со основата на работата како UX дизајнер, а UI затоа што Јане ни ја поттикна креативноста и нè научи дека не треба да се плашиме да експериментираме, сè со цел креирање на интуитивно и едноставно за користење решение.

 

Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Академијата за UX/UI дизајн е за секој што сака креативна работа, кој е спремен континуирано да се надградува и секојдневно да се сочува со нови теми за истражување. Можноста за работа на реални проекти би ја посочила како најдобрата придобивка од учењето на Brainster Академиите.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Моментот кога го отворив прототипот на мобилната верзија која ја дизајниравме во рамки на хакатонот и кога сфатив дека успеавме да одговориме на предизвикот за само 48 часа. Целиот тој викенд ќе ми остане во сеќавање – еуфоријата, позитивниот дух и мотивацијата за деноноќна работа кои владееја во тимот е нешто што не може да се опише, а се памти засекогаш.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Никогаш не ги потценувај темелното истражување и анализата, тие се сржта на секое дизајнерско решение.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Веројатно како успешен Senior Product designer, искористувајќи го искуството од двете сфери на интерес – UX/UI дизајн и економија.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!