Во оваа блог објава, си поразговаравме со Денис Ристовски – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Денис, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Денис?

Јас сум Денис Ристовски од Крива Паланка, по професија дипломиран економист, но од пред една година ми се роди љубовта кон програмирањето. Слободното време го користам со некоја партија фудбал, или пак читање книга.

 
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Full-Stack програмирањекако студент?

Денот започнува во зависност од тоа дали на ред е да се решава предизвик или пак менторска задача, а пак доколку е викенд, тогаш времето е резервирано за задачите од работилницата. Секако попладнето е задолжено за следење на предавањата, а по завршување на предавањето, долку се завршени задачите предвидени од Академијата, времето ќе се искористи да се научи нешто и настрана од Академијата.

 
Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Некаде на средина на Академијата ќе кажев дека тоа е PHP, меѓутоа кога се запознавме со LARAVEL, после второто предавање ми стана омилен модул. Моќта и можностите кои ги нуди LARAVEL се огромни и ни даваат можност да градиме било каква апликација.

 
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Ги охрабрувам сите, а посебно оние коишто немаат никакво претходно искуство и можеби се скептици дали да започнат или не. Јас бев еден од тие, но со труд и работа нема простор да не се успее. Академијата има одличен тим од ментори коишто ни стојат на располагање во било кое време и со нивна помош успехот е загарантиран.

 
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Тоа би бил учеството на првиот хакатон на којшто за неполни два дена изработивме целосна веб апликација.

 
Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Најважна е комуникацијата со менторите на предавањата и поставување на прашања за тоа што е нејасно и давање на било каков feedback.

 
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Успешен програмер, дел од тим во кој ќе може постојано да учи и да се надградува.