Запознајте го Зоран Карапеев – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, чија љубопитност го донесе до осознавање на нова сфера во својот живот којашто му донесе голем број на позитивни промени и успеси.

По завршувањето на Академијата за Front-End програмирање, Зоран се вработи во компанијата HofNet каде што ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини како front-end developer.

 

Си поразговаравме со Зоран за неговото искуство од Академијата за Front-End програмирање и новото работно место

 

Здраво Зоран! Ти си наш алумни студент од Академијата за Front-End програмирање. Ние веќе те знаеме, но што би споделил со останатите? Кој е Зоран?

Јас сум Зоран Карапеев, доаѓам од најјужниот и најтопол град, Гевгелија. Своевремено студирав и изучував области од Економската сфера како што се: економски маркетинг и бизнис и логистика, сé додека не одлучив да ги вкрстам патиштата со Brainster и да започнам едно ново поглавје во сферата на програмирањето. За мене би рекол дека сум љубопитен, истраен и човек којшто има многу хобија како билјард, шах, кошарка, лов, музика, гејминг, пешачење во природа.

 

Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како front-end developer. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?

За овој тип на програмирање се одлучив бидејќи отсекогаш сум бил љубопитен како се креираат и дизајнираат веб-апликациите коишто ги користиме секојдневно и какво е чувството да се задоволуваат потребите и желбите на клиентите за истите.

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Front-Еnd програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Академијата за Front-End програмирање навистина беше едно ново искуство за мене и ги надмина моите очекувања. Во рок од 12 месеци се стекнува потребното знаење за старт на една нова кариера, стекнуваш и нови пријателства со коишто заедно работиш, се градиш и се усмеруваш кон еден нов правец во животот. Во процесот на изучување на потребните техники и алатки за front-end најмногу се учи кога решаваш некој проблем независно дали сам или во група. Мој личен предизвик ми беше JavaScript како една од главните алатки за front-end програмирање, но со помош на моите колеги и инструктори го достигнав посакуваното ниво.

 

По завршувањето на Академијата за Front-Еnd програмирање започна да работиш во компанијата HofNet. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?

На самата Академија нaучивме да не се откажуваме пред новите предизвици. Пред да почнам да работам во HofNet имав нов предизвик – Vue.js. За мене нов framework кojшто има сличности со React. Со самото работно секојдневие овде, учам нови работи и се подобрувам во областа на Front-End програмирањето kako vue.js developer.

 

На кое твое достигнување си најмногу горд во животот?

Дефинитивно на успешната промена на кариера која се случи доста брзо и самата одлука да се насочам кон програмирање.

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Се гледам како успешен front-end програмер кој расте, се подобрува и се соочува со сите предизвици кои доаѓаат во мојот правец.

 

За крај, што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Front-end програмери и сакаат да преземат ваков чекор?

Ги охрабрувам да почнат што е можно побрзо и да бидат истрајни и посветени, бидејќи со помош на Академијата ќе постават темели во оваа област која ќе им го подобри животот.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!