Во оваа блог објава, си поразговаравме со Даниела Дамјаноска – студент на нашата Академија за Front-End програмирање за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Даниела, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Даниела?
Јас сум Даниела Дамјаноска, имам дипломирано на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола, отсек јавна администрација, а воедно имам завршено и магистратура од областа на финансиски и банкарски менаџмент. После долгогодишно работно искуство во областа на финансиитe, одлучив дека е време да направам промена во мојата кариера, и еве ме тука во Brainster, на Академијата за front-end програмирање.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Front-End програмирање како студент?
Најпрвин сакам да истакнам дека за мене лично овој модел на online учење беше прав избор, бидејќи овозможува подобар распоред на времето и поефикасно завршување на останатите обврски. Што се однесува на програмата, истата е динамична и бара конзистентност и постојано учење, меѓутоа сметам дека со добра организираност во текот на денот може да се завршат потребните обврски. Ова подразбира совладување на материјалот, завршување на домашните задачи, решавање на задачите за работилниците, предизвиците, и секако тимската задача за менторските сесии.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Од материјалите во рамките на Академијата би ги издвоила програмскиот јазик JavaScript и React.js кој како библиотека на JavaScript со помош на npm пакетите и компонентите овозможува рапидна изработка на ефикасни кориснички интерфејси.
Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Академијата е вистинскиот чекор за сите оние кои се спремни со својата конзистентност и упорност да го почнат своето патување во областа на front-end програмирањето. За истово се заслужни инструкторите кои несебично се посветени на пренесување на своето знаење, со особен акцент на нивната достапност и одличната респонзивност, односно можност за комуникација и поставување на прашања во секое време. Дополнително програмата на самата Академија е така конципирана што студентите покрај учењето на нови работи можат да го применат совладаниот материјал преку практично решавање на домашни задачи, challenge-и, задачи за работилници, менторски сесии, и секако изработката на проекти.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Тешко дека може да се издвои само еден момент, тука сакам да ја истакнам тимската дружба со колегите, односно, заедничкото решавање на предизвиците поврзани со менторските задачи, и секако уште понезаборавните моменти поврзани со изработката на реален проект во рамки на 48 часовен хакатон.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Дека со трпение и упорност можат да се постигнат цели кои на прв поглед личат тешко остварливи. Never give up!
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Во успешна ИТ компанија каде заедно со колегите ќе креираме одлични web решенија.
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!