Денес, повеќе од било кога, компаниите ја сфаќаат важноста на квалитетниот графички дизајн и моќта на визуелните комуникации.

Запознај се со анатомијата на графичкиот дизајн и дознај кои се основните елементи и принципи на графичкиот дизајн, како и кои квалификации и знаења се потребни за сите оние кои сакаат да градат кариера во оваа сфера.

Ова е мал вовед во графички дизајн за луѓе кои ги интересира што всушност е графички дизајн или пак луѓе кои сакаат да станат графички дизајнери. Целта на дизајнот и графичкиот дизајн е да се допре до пошироката публика низ теорија, примери и визуелизации, со едноставен и лесно разбирлив јазик.

 

Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:

 

Што е дизајн?

Да одлучуваш за изгледот и функцијата на она што го правиш.

 

Што е графички дизајн?

Уметност или вештина за правење на комбинации од текст, слики, елементи и бои. За правење на реклами, списанија, книги и чуда. 🙂 

 

Какви видови на дизајн има?

Архитектонски дизајн, графички дизајн, индустриски дизајн, моден и дизајн на текстил и интерактивен (веб/мобилен) дизајн.

 

Што се бара од графичките дизајнери?

Да мислат, да решаваат проблеми, да бидат практични, да пронаоѓаат решенија и да реализираат, со помош на графички елементи почитувајќи ги дизајнерските принципи.

 

Основни елементи на графички дизајн?

Линија, форма, боја, текстура, простор (белина) и букви (типографија).

 

Тајната на еден успешен графички дизајн?

Тајната лежи во одговорот на следните прашања:

  • Која е целта на комуникацијата?
  • Што треба да се пренесе?
  • Каде сакате прво да погледне консументот, а каде потоа?
  • Кој е тонот на пораката?
  • Кому му се обраќате со дизајнот?

 

Кој софтвер се користи за графички дизајн?

Постојат многу бесплатни алатки со кои може да се прави обработка на слики, дизајн и апликации за мобилен. Но, графичките дизајнери користат професионални алатки како: Photoshop, Illustrator & InDesign. 

 

Зошто се важни графичкиот дизајн и визуелните комуникации?

Затоа што се повпечатливи, полесно ги разбираме, полесно се помнат, поголема вклученост и се поубави.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!