Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Постер Дизајн, каде студентите ги научат стиловите на постер дизајнот и симболиката, деталите, автентичността и хиерархијата на поставување на информациите и елементите на една површина.

Иван Дургутовски е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, кој го предава модулот Постер Дизајн и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за модулот Визуелни комуникации:

 

Што се изучува на модулот Постер Дизајн?

Модулот постер дизајн е всушност „финале“ на комбинацијата од предзнаењата добиени на модулот Историја на Дизајн, а потоа надополнети со техничка спремност преку модулите посветени на софтвер, каде што сите студенти се веќе спремни професионално да одговорат на дизајн предизвик. Низ модулот се навраќаме на стиловите на постер во дизајнот и даваме особен акцент на симболика, детали, автентичност и хиерархија на поставување на информации и елементи на една површина.

 
Зошто е важно да се изучува овој модул?

Постерот како форма на израз е столб на графичкиот дизајн. Без разлика дали ќе биде во печатена форма или ќе се реазлизира дигитално – сепак зборуваме за еден сеопфатен медиум без кој не би можеле да комуницираме една порака визуелно.

 
Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Примената на она кое ќе го изучуваме на модулот Постер Дизајн е сеопфатна: Од креирање на традиционален постер – до развивање на концепти за online комуниикација.

 
Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Ако постерот е твојот повик – крени слушалка. 🙂 Без разлика дали нашиот избор ќе биде од комерцијална или концептуална природа, постерот е сеприсутен медиум во секој домен од традиционалниот и дигиталниот дизајн.

 
Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Предизвикот со кој се соочуваат студентите на овој модул е креирање на дизајн концепт/постер за реален клиент. Тоа значи дека секоја генерација има различен предизвик, а она кое е суштинско во целиот процес е токму моментот на претставување на својата авторска работа пред клиент, каде што покрај основниот дизајн, треба да се посвети внимание и на професионално презентирање на сработеното. По завршувањето на овој модул, студентите се веќе спремни да почнат да си го полнат своето порфтолио.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!