Во оваа блог објава, си поразговаравме со Даниел Веселинов – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Даниел, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Даниел?

Јас сум Даниел Веселинов, моментално студент. Желбата за програмирање се роди во 2017 година, односно точно пред 5 години, кога играв видео игри и сакав да направам свој сервер, но за да имам сервер требаше да знам да скриптам во pawn. Во 2017г. (на само 15г. возраст) почнав со истражување, учење на синтакса и некои поважни правила, за како да направам нешто функционално.

Подоцна, со малку повеќе труд успеав да изградам скрипта којашто тогаш работеше беспрекорно, но не застанав таму. Како што растеше бројката на заинтересираност, јас морав да почнам или да научам програмски јазик за веб каде што би можел да изградам функционален UCP или кориснички панел. Тогаш се одлучив за PHP, но во склоп на веб морав да учам html и css за на корисниците да им биле полесно да го користат тој панел. Накратко, тоа беше мојот почеток и моето навлегување во светот на програмирањето, а од тогаш, па сѐ до ден денес, активно учам, се надградувам и се разбира, се обидувам да работам на поголеми, односно реални проекти.

 
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Full-Stack програмирањекако студент?

Како резултат на многуте обврски во текот на денот, со сигурност можам да кажам дека посветувам од 6 до 8 часа секој ден на Академијата. Во текот на денот, доколку имаме предавање го слушам истото, а пред или после предавањето, работам на предизвици кои ги имаме секоја недела, заедно со тимот што сме поделени работиме на менторска задача, а исто така, кога ќе добиеме задачи за во недела што се решават на час, јас се обидувам истите да ги решам предвреме за кога ќе ги решава менторот за време на часот, јас да можам да следам каде можеби сум направил грешка или како би можел подобро да го оптимизирам кодот.

 
Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Сè уште немаме изучено Laravel бидејќи е последен модул, но сигурен сум дека тој ќе ми биле и омилен, а моментално би можел да кажам дека тоа е PHP и PDO.

 
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Доколку и вие се интересирате за тоа како работи некој софтвер, која е неговата позадина, а притоа би сакале да знаете и како е состевен делот кој го гледате односно дизајнот, тогаш не размислувајте – веднаш почнете со оваа Академија. Верувајте ми дека нема да направите грешка со вашиот избор. Сведок сум дека не треба да имате предзнаење од програмирање или нешто слично за да можете да успеете, бидејќи practice makes perfect!

 
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Самиот начин на кој сме насочени за да научиме нови непознати работи, тоа колку менторите се посветени на тоа што го работат, а исто така и коментарите од менторите за нашите изработени предизвици, како може истите да се подобрат и каде потенцијално правиме грешки.

 
Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Не би можел да издвојам најважна лекција што ја имам научено за време на пердавањата, но можам да издвојам неколку интересени заклучоци, а тоа е дека работењето во тим е секогаш подобро, исто така и полесно се учи, решавањето на предизвиците и задачите навремено, односно во тековната недела е многу подобро отколку доцнење или неизвршување на задачите на време.

 
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Се гледам како Senior software engineer во моја startup компанија.