Brainster билтен: Новости од заедницата / Јули 2022

Hello August! Vacation mode: Activated! 🏖️

Иако летниот период е синоним за патување, забава, одмор и релаксација, исто така е најповолен период за излегување од комфорната зона. Без разлика дали станува збор за учење на дигитални вештини, надградување на постоечките знаења или читање на некоја добра книга и стекнување нови пријателства.

Потсетување: Early Bird понудата на Brainster Академиите важи за ран упис до 15-ти август.

Новостите од месец јули се однесуваат на подобрување на искуството на студентите, реалните проекти на кои тие работеа и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

 

  • Нови достигнувања на нашите студенти!

Изминатиов месец, 23 од нашите студенти ја лансираа својата кариера во повеќе од 20 домашни и интернационални компании. Исто така, беа реализирани 7 реални проекти за нашите партнери за ко-иновации, од кои 2 проекти се работеа на 48 часовни хакатони.

 

 

  • Запознај го тимот на Brainster!

Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:

 

 

  • Судентите од Академијата за UX/UI дизајн направија редизајн на веб-страницата на Шу-Ми Берово

Последниот предизвик со којшто се соочија студентите беше 48 часовниот Хакатон каде тие имаа можност да ги искористат сите стекнати знаења и вештини. Нивната задача беше да направат целосен редизајн на веб страницата на Шу-Ми Берово, кој е функционален, а воедно и интуитивен за корисниците, раскажувајќи ја приказната на брендот. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение од Хакатонот за BAK 2021

Ја организиравме и оваа Cross-Academy соработка, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн. Реалниот проект на којшто се работеше беше за клиентот BAK 2021, а студентите имаа задача да направат дигитална маркетинг стратегија, лого и брендинг како и нова веб платформа. Дознај повеќе!

 

 

  • Нов реален проект на Академијата за графички дизајн

На Академијата за графички дизајн, студентите постојано ги надградуваат своите вештини работејќи на реални проекти за реални клиенти. Овој пат, предизвикот со којшто се соочија студентите од Академијата за графички дизајн беше редизајн на логото и бренд идентитетот на Калдрма кафе бар. Дознај повеќе!

 

 

  • Креативно UX/UI решение за Tasty Box

Како дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е постојано работење на реални проекти за реални клиенти, преку кои студентите ги стекнуваат потребните вештини за почеток на нивната кариера во UX/UI светот. Најновиот предизвик со кој тие се соочија беше изработка на целосен UX/UI дизајн за новата веб страница на Tasty Box. Дознај повеќе!

 

 

  • Завршни проекти на Академијата за дигитален маркетинг

Последниот предизвик на Академијата за дигитален маркетинг беше заокружување на знаењето и комплетирање на програмата преку изработка на завршните проекти. Шест месеци исполнети со максимална посветеност, многу задачи, предавања, реални проекти, вежби, но и забава – поминаа многу брзо. Последната задача на студентите беше да изработат маркетинг стратегија за клиентот Шу-Ми Берово. Дознај повеќе за трите победнички решенија:

  1. Победничко B2B решение за ШуМи Берово;
  2. Победничко B2C решение за ШуМи Берово;
  3. Дигитална маркетинг стратегија за ШуМи Берово;

 

 

  • Најпопуларни ИТ и дигитални професии

Нема сомнеж дека технологијата ја обликува иднината. Како што бизнисите стануваат сѐ повеќе дигитализирани, така улогата на ИТ професионалци станува сѐ поважна. Дознај повеќе за кариерните можности во следниве области:

 

 

  • Студентите зборуваат за искуството

Во новиот серијал „Моето Brainster искуство“, новите студенти кои се решија да го искористат продуктивно летото и да научат нови вештини, ни раскажаа за нивните желби и амбиции, како и за првите впечатоци на Brainster Академиите. Дознајте повеќе за искуствата на:

 

 

  • RYCO – новиот партнер за ко-иновации на Академијата за Data Science

Тимот на Co-innovation & Hiring верува во долгорочни и квалитетни партнерства кои се од взаемен бенефит како за студентите кои ја започнуваат својата нова кариера, така и за партнерите кои своите тимови ги збогатуваат со млади таленти. Токму поради ова сме секогаш возбудени кога ги претставуваме нашите нови партнери! Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот партнер за ко-иновации на Академијата за Data Science – организацијата RYCO. Дознај повеќе!

 

 

  • Сите успешни компании зависат од дигитален маркетинг

Дигиталниот маркетинг е едно од највозбудливите, најразновидните и динамични полиња за работа денес. Доколку сè уште се двоумиш дали дигиталниот маркетинг е вистинскиот кариерен избор за тебе, во продолжение ги издвоивме најважните 5 причини зошто да почнеш да учиш дигитален маркетинг уште денес. Дознај повеќе!

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Викторија, Мери, Филип, Митко, Славица,  кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️

Related Stories For You