Запознајте го Бојан Јованоски – студент на нашата Академија за Full-stack програмирање, кој се реши да го искористи летото продуктивно и да научи Full-Stack програмирање.

 

Студент: Бојан Јованоски

Академија: Академија за Full-stack програмирање

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата ги паметам: Интересните претставувања на нашите членови од групата со слики или quotes избрани од нивна страна.

Се решив да го искористам летото продуктивно за да научам: Нешто повеќе од само basic HTML и CSS. Да си го проширам знаењето за програмирањето на највисоко ниво за еден ден да бидам еден од најдобрите.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Оваа област е најбарана, најплатена и (барем) за мене најинтересна професија која не поставува граници во работењето.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Можеби за PHP, бидејќи таа област ми е подалечна и сакам да ја научам, да видам точно за што станува збор и нормално, да се потрудам да ја совладам најдобро што можам.

После предавањата секогаш: Седнувам да го повторам материјалот. Иако не секогаш го правам тоа, некогаш се чувствувам како да сум научил премногу само од часот и знам дека во реалноста нема да морам да го вежбам. Повеќепати сум си го докажал сам на себе тоа, каде што сме добиле challenge кој вклучува материјал од час што го немаме вежбано. Challenge-от го изработив перфектно и добив одличен коментар од страна на инструкторот. Тогаш сфатив дека сум задоволен од сам себеси.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Мислам дека backend делот ми претставува најголем предизвик. Искрено, никогаш не сум го сакал и не ми бил интересен, но се надевам дека со начинот на којшто сме почнале дека ќе поминам супер во секоја област.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Најпрво да ги совладам сите материјали кои ги имам на располагање, да го совладам секое поле кое доаѓа и нормално, да најдам соодветна работа која ќе ме исполнува и ќе сакам да ја работам до крај.

Оваа област за мене значи: Поголема слобода во работењето, независност и тимска работа.

Во слободно време: Најчесто седам пред компјутер и играм игри. Скоро секоја вечер ми е како обврска да излезам, особено во лето, бидејќи чувствувам дека не смеам да пропуштам ниедна забавна вечер со другарите.

Сакам да читам: Се што е поврзано со full-stack, tips & tricks, некои нови работи кои не ги учиме на академијата и сл.

Сакам да гледам: Серии. Мислам дека без нив не би постоел како личност, толку ме исполнуваат и ме внесуваат во нивниот свет што добивам мотивација да бидам и продуктивен.

Омилен цитат:And we keep moving forward, still.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!