На Академијата за графички дизајн, студентите постојано ги надградуваат своите вештини работејќи на реални проекти за реални клиенти.
Овој пат, предизвикот со којшто се соочија студентите од Академијата за графички дизајн беше редизајн на логото и бренд идентитетот на Калдрма кафе бар.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Висар Мехмед.
Во продолжение, си поразговаравме со Висар за Академијата и искуството на овој реален проект
Здраво Висар! Ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но како би се претставил на останатите?
Здраво Бреинстер тим! Јас сум Висар, млад графички дизајнер, а воедно луѓето ме познаваат како AKA Thesaur – моето алтер его како ДЈ и музичар низ клубовите на Скопје.
Многу учење, посветеност и напорна работа резултираа со успешно креирање на неколку реални проекти, меѓу кои посебно се истакнува победничкото решение за редизајн на лого и бренд идентитет на кафе бар Калдрма. Честитки за твојата истрајност. Како се чувствуваш сега со сите нови вештини и знаења стекнати изминативе месеци?
Морам да кажам – уште сум во шок од причина што мојот дизајн беше избран како победничко решение за кафе бар Калдрма. Се чувствувам воодушевено и многу благодарно на тимот на Калдрма кои го избраа моето решение. Исто така, да ги пофалам напорната работа и посветеноста на целиот тим на Академијата и инструкторите.
Раскажи ни нешто повеќе за твоето финално решение. Кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?
Како човек, се водам по инстинктот, па кога добивме бриф за проектот што требаше да го работиме за Калдрма, бев многу среќен што имам можност да дизајнирам за еден од најубавите кафичи во градот каде сум редовен гостин. Отсекогаш сум уживал во кафето на Калдрма, но имав желба и да видам освежување на нивното лого. Добро бев запознаен со Калдрма и потребно ми беше едно решение за кое верував дека ќе биде во 5-те најсоодветни дизајни.
Кои беа барањата на клиентот и опиши ни како течеше целата соработка?
Клиентот бараше да логото да ја раскажува приказната на кафичот, да биде интересно за помладите генерации и новата демографија, а исто така, имаше идеја логото да биде инспирирано од самата калдрма како знак на кафичот. Но, од моето искуство решив да дадам предлог за нов концепт, но со истите елементи, бидејќи како редовен гостин знаев што точно му е потребно на клиентот.
Од каде ја црпеше инспирацијата за финалното решение?
Инспирацијата ја пронајдов во природата, од самите дрвја што се во објектот, а на тој колорит го изградив и самиот ре-бренд. Сметам дека тоа место има прекрасна локација окружена со природа, и поттребен е дизајн што ќе стане дел од целото искуство на местото. Затоа се одлучив за фонт и симбол што испраќа топлина, едноставност и конекција. Како иден дизајнер дадов дозвола на себеси да гледам кај ќе ме однесе целиот процес. И на крајот, го постигнав посакуваниот резултат.
Што би ни споделил за искуството како студент од Академијата за графички дизајн?
На Академијата за графички дизајн научив многу нови правила, добив нови искуства коишто се базирани на реалниот свет, и научив дека понекогаш тие правила е во ред да се „скршат“, со цел да ги надградиш своите вештини или да научиш нови работи.
И за крај, најважната лекција што ја научи на предавањата? 🙂
Добро прашање. Можам да кажам дека секој модул во себе содржеше важни лекции, но најмногу се пронајдов на предавањата по Типографија и Layout, каде што со инструкторот Бане имавме одлична комуникација и динамика. Ми беше дозволено да бидам себеси и да ги „скршам“ правилата. На крајот, имавме и предавање за анти-дизајн, потенцирано беше дека е инспирирано од мене, со цел дека анти-дизајнот е важен како секоја форма на дизајн. И секогаш ќе се водам по цитатот на Pablo Picasso – “Learn the rules like a pro, break them like an artist.” Оваа е мојата мантра за она што е поврзано со уметност, музика, а сега и со дизајн.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек!
Early Bird понудата на Академијата за графички дизајн важи за упис до 15 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!