Работата на реалните проекти е клучот за успешно завршена Академија

Марија Михова е наш алумни од Академијата за дигитален маркетинг, но и студент кој што е при крај со студиите на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Скопје.

Желбата за дигитален маркетинг на Марија ѝ се има појавено од предметот основи на маркетинг односно традиционален маркетинг, кој што го има слушано во текот на нејзиното студирање. Знаејќи дека светот оди напред со технологијата и секојдневните случувања поврзани со социјалните мрежи, нејзината желба за дигитален маркетинг станувала сè поголема, па решила да се запише на нашата Aкадемија. По завршувањето, таа започна на пракса во Интертек каде што подоцна и се вработи.  

Поразговаравме со Марија за како ѝ е на новото работно место, нејзиниот омилен дел од работата и што би ги советувала сите оние кои што размислуваат и сакаат да имаат креативна работа!

 

Марија: На новото работно место ми е супер. Интертек е брзо растечка компанија која за многу краток период постигна големи успеси, во суштина таа е ИТ компанија која се занимава со Startups, Scaleups, Innovative companies, IT Solution Providers од областа на Health care, E-commerce, Financial Services и сл. Јас работам во одделот за Маркетинг, поточно Lead Generation тимот како Researcher и дечките се супер. Ковид-19 е причината поради која сите работиме од дома, но тоа не ги спречува дечките од Интертек да организираат онлајн забавни настани.

Омилен дел од мојата работа, хмм, можам да кажам дека процесот додека трае истражувањето на одредени податоци ми е така доста интересен. Поради тоа што постојано се пребарува, секогаш ќе налеташ на нешто што нема да ти падне на крај памет и постојано откриваш нови работи, не е битно во која област, секогаш има нешто за кое си немал поим дека постои и тоа на ниво на цел свет. Ете тоа – дознавањето на нови случувања, промени, едукација.

Сите кои што размислуваат за промена на својата кариера воопшто да не се двоумат. Светот движи со голема брзина од страна на технологиите, маркетингот е неопходен за сето тоа да стигне до луѓето. Сите оние кои имаат желба да работат динамична работа во ИТ индустријата, маркетингот е дефинитивно вистинскиот избор.

Со голема желба за тоа што го сакаш и напорна работа ќе успееш да ги исполниш своите цели. Колку и да кажам дека 2020 е годината која ќе се запамети по доста лоши случувања, мене ми  донесе големи и убави  промени. За сега можам да кажам дека сè е под контрола, плановите кои беа на листата се остварија, а за во иднина секако сите сме со некакви планови во главата, ама ќе оставиме на времето колку тоа ќе биде возможно за остварување. Сакам да ја продолжам мојата кариера со маркетингот и секако новитетите кои следуваат со него.

Академијата ми помогна да ги проширам видиците, како маркетингот растe од ден за ден, како традиционалниот се претвора во дигитален, преку примерите кои ги ги следевме во тие 6 месеци постојано ги учевме промените како маркетингот не е само една обична реклама или објава на Facebook и Instagram, туку навистина многу повеќе.

Што се однесува до реалните проекти.. Според мене работата на реалните проекти е клучот за успешно завршена Академија. Додека ја изучуваш теоријата, Академијата ти дава прилика во истиот момент да работиш на реален проект, каде сè е полесно за разбирање и стекнување знаење. Ако воопшто немаш искуство многу е полесно кога сето тоа ќе го научиш преку реални примери. Времето од 6 месеци поминато со постојано следење на новитети, бројки, апликации и сл. те тера да почнеш да размислуваш како маркетер и кои tricks and tips кои ќе ти бидат повеќе од потребни во кариерата.

 

Доколку и ти сакаш да станеш иден дигитален маркетер, првиот чекор што треба да го направиш е да закажеш информативна средба со координаторот на нашата Академија за дигитален маркетинг и да дознаеш повеќе детали.

Сите студенти на Академијата, пред да започнат со програмата, имаат единствена можност да ја следат бесплатната подготвителна програма преку нашата платформа за учење.

Подготвителната програма би ти помогнала полесно да ги совладаш модулите и задачите со кои ќе се сретнеш на Академијата.

Погледни ја програмата на Академијата и закажи ја твојата информативна средба.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.