Среќна сум што сум опкружена со колеги што несебично споделуваат знаење

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Го создадовме блог серијалот We are Brainster за да ве донесеме чекор поблизу до начинот на кој што размислуваат вработените, но и да дознаеме со какви предизвици се соочуваат секојдневно, како балансираат со работата и приватниот живот и што ги прави среќни и исполнети.

Започнуваме со Милена Атанасоска-Манасиева – Senior Communications Officer во Маркетинг тимот на Brainster. Карактеристично за неа е што постојано сака да учи нови вештини. Таа е професионалец со долгогодишно работно искуство како новинарка и уредничка во домашни и регионални медиуми, но и во областа на односи со јавност и комуникации.

Дополнително, Милена е и тековен студент на Академијата за Project & Product Management во Brainster.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира.

 

 

Здраво Милена, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Работам во маркетинг тимот, во делот на односи со јавност (PR). Се грижам јавноста и новинарите навремено да бидат известени за сите наши активности и се разбира да добијат точни информации од нашата организација. 

Но, исто така анализирам каква содржина сакаат да читаат нашите студенти и посетители на нашите канали за комуникација, и ја пишувам и објавувам. Работата е динамична и многу креативна. Секојдневно сум во контакт со многу луѓе.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Senior Communications Officer?

Како што спомнав и претходно, работата ми е многу динамична и поврзана со комуникација со многу луѓе во текот на денот. Вообичаено, денот го почнувам со одговарање и испраќање на мејлови, план за активностите што ќе ги имам во текот на денот. Секако, следуваат состаноците со колегите и моите омилени бреинсторм-сесии. 

Потоа одвојувам време за читање статии, истражување и анализирање на темите за кои ќе пишувам, па праќање прашања до соговорниците за интервјуата. На крај, пишувам содржина за нашите блогови. 

Среќна сум што сум опкружена со колеги што имаат многу знаење, кое несебично се дели. 

Затоа, задолжително одвојувам и по малку време да прашам нешто што ме интересира и да учам нови вештини. Си имаме и редовни средби, coaching-сесии и мене, ова ми е многу важен дел бидејќи не би можела да се развивам во средина каде нема слух за споделување знаења, искуства и во компанија која не се грижи за едукацијата на своите вработени. Правам и PR стратегии околу тоа кои информации треба да ги споделиме во јавноста и ако е потребно, праќам соопштение до медиумите.

 

Покрај ова, дел си од Академијата за Project & Product Management во Brainster. Како наоѓаш време и за обврските со Академијата?

Ова е една голема авантура за мене, која ја започнав пред 5 месеци. Почувствував дека е време за професионален развој и дека ми треба нов предизвик во животот. Академијата трае 8 месеци, бара сериозно учење, пишување домашни, работа на реални проекти. Доброто во целата програма е што во ниту еден момент не си оставен сам. Работиш со тим, ментори кои се секогаш тука за консултација, а бидејќи видео-лекциите и лекциите ни се на дигитална платформа, учам кога ќе најдам време во денот. Некогаш е во 6 наутро, некогаш во 10 навечер. 

Проектите ги работиме тимски, поделени во групи и за мојата можам да кажам дека сме секогаш тука едни за други. Се зближивме и се спријателивме, и ова ми е едно од најпозитивните искуства во мојот живот. Секогаш кога ќе се најдам во ситуација да кажам „не можам“, „тешко е“, некој ќе ме врати во кондиција со супер совет. Најчесто тоа е некој од колегите од Академија, менторот или сопругот Александар. Тоа што го учам од организациски аспект и дигиталните алатки, многу ми ја олеснува и мојата работа како PR.

 

 

Со кои предизвици се соочуваш како професионалец, а воедно и родител кој работи?

Веројатно како и сите родители, понекогаш сакам денот да трае многу повеќе за да стигнам да направам сѐ што сум испланирала. Но, се разбира синот Ѕвездан кој има 7 и пол години и неговите потреби ми се секогаш на прво место. Со добра организација и помошта од најблиските, со татко му, постигнуваме да го однесеме на секој тренинг и натпревар по карате, курсеви и родендени на другарчињата. Среќа дојде и долгоочекуваниот распуст, па ослободени сме од обврските со училиштето. Често знам да кажам стоп, и да не правиме ништо посебно, да не одиме никаде, да не брзаме… Некогаш е добро и за викенд да се остане дома, во својот безбеден микросвет.

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на работата и фамилијата?

Токму привилегиите што ги имаме ние вработените во Brainster ни овозможуваат без проблеми и стрес да ги избалансираме работните и приватните обврски. Имаме флексибилно работно време, што значи дека правиме сопствена индивидуална организација и распоред на дневното време за работа, согласно нашата лична преференца во однос на продуктивноста. Исто така, може да работиме од кое било место – дома, канцеларија, во парк и природа, што е исто така големо олеснување.

Како што повеќето родители знаат, децата температура најчесто добиваат во среде ноќ, или пред тргнување на работа. Тоа е голем стрес за секој родител што работи, сигурно многумина го искусиле. Но, кога знаеш дека не мора да се појавиш на работа во канцеларија во точно одредено време и дека можеш да останеш дома со детето, тоа е огромна помош. 

Кога е во прашање професионалниот развој, постојано учиме и компанијата ни овозможува многу за тоа. Стануваме поефикасни, пофокусирани, па на пример, ако за некоја задача порано ми требале 3 часа да ја завршам, со новите вештини можам за 1. Тоа се два часа повеќе време за фамилијата или компанијата, зависно кому си му повеќе потребен во моментот.

Во Brainster, може да си ги носиме кучињата на работа. Ова ми е најзабавниот дел бидејќи обожавам животни. Мојата Мери не сум во можност да ја носам во канцеларија, но секогаш кога ми треба релаксирање, уживам да се погалам и да поминам малку време со кучињата на колегите.

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Вработените се најголемата вредност за компаниите. Кога си дел од заедница која добро го знае ова, успехот на секое поле е неминовен.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА