Искуството на корисникот на веб-страницата, како и нејзината лесна и интуитивна навигација, се најважниот дел од секој успешен дизајн, што значи дека е од огромна важност да се разберат главните принципи на UX/UI дизајнот.

Со таа цел, како дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е постојано работење на реални проекти за реални клиенти, преку кои студентите ги стекнуваат потребните вештини за почеток на нивната кариера во UX/UI светот.

Најновиот предизвик со кој тие се соочија беше изработка на целосен UX/UI дизајн за новата веб страница на Tasty Box.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Андријана Бакрачески и Симона Тунџова.

 

Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим од Академијата за UX/UI дизајн за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за UX/UI дизајн, кои покажаа голема заинтересираност кон UX дизајн и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Претставете ни се накратко!

Андријана: Здраво, јас сум Aндријана Бакрачески, по професија правник, oд скоро UX/UI дизајнер, а во слободно време Xtreme hip hop-ер. 🙂 

Симона: Здраво, јас сум Симона Тунџова – UX/UI дизајнер и rubik’s cube enthusiast. Исто така, дипломиран електроинженер.

 

Раскажете ни нешто повеќе за вашето финално решение. Што е идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат? 

Идејата и фокусот ни беше да смислиме одлично корисничко искуство кое ќе им овозможи на корисниците да персонализираат подароци на брз и едноставен начин. Додека пак, на Тasty box да им понудиме функционална веб-страница, која ќе им донесе зголемен профит и повторливи клиенти.

Целиот процес на изработка на проектот траеше еден месец. Добивме брифинг и откако ги дефиниравме бизнис барањата на клиентот се пуштивме во акција. Најпрво започнавме со истражување и дефинирање на проблемот што треба да го решиме. Во нашиот случај, требаше да му овозможиме на корисникот персонализиран и лесен пристап до сите информации притоа внимавајќи да не понудиме премногу избор со што корисникот би го изгубил интересот.

Направивме интервју со потенцијалните корисници, ги дознавме нивните потреби, цели, фрустрации и се впуштивме во дизајн и тестирање на имплементираните идеи со цел да понудиме подобро крајно решение.

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Уште од самиот почеток имавме одлична комуникација со клиентот. Клиентот беше отворен за сугестии, но она што го истакнаа во нивните барањата беше да се издизајнира веб сајт (е-каталог) кој ќе биде лесен за навигација и правење нарачки, со минималистички / бохо стил, акцент на корпоративните понуди и персонализација на кутиите.

 

Од каде ја црпевте инспирацијата за целосен UX/UI на Tasty Box?

Во однос на функционалностите и Layout-от на нашиот дизајн не оставивме ништо на случајност, направивме детално истражување и користевме добро познати дизајн практики. Изработката на компетитивна анализа ни помогна да ги воочиме недостатоците и предностите кај конкуренцијата, како и да добиеме инспирација за тоа што треба да подобриме, а што од карактеристиките да додадеме во нашиот дизајн. Во однос на визуелниот дел, направивме минималистички дизајн и за инспирација ги користевме креативните кутии на Tasty box.

 

Кои техники, алатки, методи се употребени за овој проект? 

Се фокусиравме на потребите на корисникот, користејќи design thinking како problem-solving метод за дефинирање и развивање на дизајн концепти (human-centered design). Во текот на изработката на проектот применивме неколку UX техники. од кои накратко би ги споменале Competitive Аnalysis за запознавање на конкурентите и анализирање на потребите на маркетот, потоа Future State User Journey за отсликување на патеката што корисниците би требало да ја поминат за да направат нарачка на страницата, како и Remote Usability Testing на таргет групите со цел тестирање на дигиталниот продукт и запознавање со нивното искуство при интеракција со истиот.

Од алатки за идеација и бреинсторминг користевме Figjam, за градење на хиерархиска вебсајт структура (дијаграм) / Sitemap – Octopus.do, додека за израбока на дизајнот на корисничкиот интерфејс и неговите елементи користевме Figmа, како и за следење на целиот процес – Trello.

 

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно функционално решение?

Од досегашното искуство на Академијата, овој проект претставуваше најголем предизвик поради тоа што бевме најмал тим и работевме доста интензивно со почитување на дадениот deadline за проектот.

Но, успешноста на овој проект покрај водењето според најдобрите практики, посветеноста и data-driven mindset се должи на одличната тимска работа, меѓусебното разбирање, заедничкото донесување на одлуки, како и мотивацијата и истрајноста во изнаоѓањe на најдоброто решение кое ќе ги задоволи потребите на корисниците и бизнис целите на клиентот.

 

Што научивте од оваа соработка? 

Соработката ни помогна да станеме повешти во комуникацијата со клиентите. Соработката пак во рамки на тимот ни овозможи да изградиме работна дисциплина, да споделиме сопствени искуства од претходните проекти, споделиме стекнати знаења – научивме многу и станавме поискусни за уште еден успешно сработен проект. 

 

Дали Академијата за UX/UI дизајн ве подготви доволно за да можете да ја започнете вашата кариера како UX/UI дизајнери? 

Андријана: Програмата на Академијата за UX/UI дизајн ни даде силна основа за целиот end-to-end UX дизајн процес од концепт до испорака. Завршивме со портфолио исполнето со проекти кои се доволни за аплицирање за работа, но морам да напоменам дека за успех е потребно сериозна посветеност и надградување на знаењето и по завршување на програмата.

Симона: Академијата ни даде добра основа, совладавме и научивме доста. За кариерен успех е потребно константно подобрување и надградување на стекнатите вештини, посветеност, упорност и истрајност.

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашето знаење и вештини?

Андријана: Пристапот „learn by doing” и работата на реални проекти e дефинитивно најдобриот начин кој ми овозможи да ги вежбам новостекнатите UX вештини и да го тестирам она што го имам научено.

Симона: Нема подобар начин за преточување на стекнатото знаење и тестирање на сопствените вештини од работата на реални проекти. Пред сѐ, ни овозможува да се подготвиме за предизвиците кои би не очекувале во иднина. Нѐ учи на тимска работа, внимавање на рокови, комуникација со клиенти и ни помага да стекнеме добра работа етика. Секој проект ни претставува голем предизвик, а по секој завршен проект сме побогати за едно доста корисно искуство кое придонесува да растеме и созреваме како UX дизајнери.



Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за UX/UI дизајн важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!