Во последните неколку години, побарувачката на HR професионалци бележи зголемен раст на глобално ниво. Со развојот на технологијата, но и промените во светот, се откри важноста на човечките ресурси кои се еден од најзначајните сектори во секоја компанија.

HR професионалците постојано прават напори да ја водат организацијата, како и нејзините вработени кон остварување на целите. Исто така, бараат нови начини на работа во организациите за да креираат одржлива работна средина, како и позитивна клима и култура за своите вработени.

Кариерните можности, како и работните позиции во HR светот се возбудливи, енергични и исполнителни. Доколку сакаш да работиш со талентирани луѓе, да се грижиш за нивната мотивација, да организираш тимови, а во исто време и позитивно да ги предизвикуваш да се развиваат, ова е вистинскиот кариерен избор за тебе.

 

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни HR професии

 

1. Менаџер за човечки ресурси

Некои компании имаат менаџер за човечки ресурси, додека други имаат директор за човечки ресурси. Без разлика на името на работната позиција, нивните обврски и задачи се исти. Тие се вклучени во водењето на вработените низ процесот на вработување, објаснување на програмите за бенефиции, обука на вработените, справување со работни спорови и сл. Исто така, по потреба се повикуваат и како консултанти за различни прашања. Менаџерите за човечки ресурси имаат директно влијание врз организациската клима и култура.

Проценета годишна плата според Glassdor: $95,626

 

2. Интернационален соработник за човечки ресурси

Ако сакаш да патуваш, знаеш да зборуваш еден или повеќе странски јазици, како и да комуницираш со луѓе од други култури, тогаш можеш да се насочиш кон меѓународна кариера. Оваа позиција за човечки ресурси ги вклучува истите видови на должности како и менаџерот за човечки ресурси, а главната разлика е во тоа што се работи на различни локации низ светот.

Проценета годишна плата според Glassdor: $143,066

 

3. HR регрутер

Регрутирањето вработени чии таленти се усогласени со деловните цели е од клучно значење за успехот на една организација. Како такви, регрутерите за човечки ресурси се високо ценети во речиси сите организации и бизниси. Повеќето организации сметаат дека регрутерите се одговорни за целиот циклус на регрутирање. Со други зборови, овие професионалци се повикани да ги најдат потенцијалните кандидати, да ги интервјуираат и да најдат работна позиција според нивните квалификации.

Проценета годишна плата според Glassdor: $65,187

 

4. Менаџер за обука и развој на вработените

Ова е одлична кариера за да им помогнеш на вработените да ги подобрат своите вештини. Менаџерите за обука и развој им помагаат на вработените да ги остварат своите планови од личен и професионален аспект. Тие го постигнуваат тоа со спроведување на различни часови и тренинзи за континуирана едукација, работилници, конференции и други видови на собири. Овој тип на HR професионалци можат да ги дизјнираат најефективните предмети за вработените што нивната организација сака да ги нагласи.

Проценета годишна плата според Glassdor: $83,057

 

5. Консултант за човечки ресурси

Денес, компаниите се покомплицирани од кога било досега. Одделите за човечки ресурси не се исклучок. Понекогаш на одделот за човечки ресурси му треба надворешна перспектива за да го реши проблемот или предизвикот со кој се соочува. Во овој момент настапуваат консултантите за човечки ресурси со совети и насоки. Тие се професионалци кои можат да се специјализираат во една или повеќе области, како што се: вознемирување на работно место, закони за работни односи, програми за вработување, компензација и бенефиции, култура на компанијата, мотивација на вработени и сл.

Проценета годишна плата според Glassdor: $93,764

 

6. Извршен регрутер

Ако градењето односи е твојата силна страна, позицијата како извршен регрутер е совршен избор за твоја кариера. Извршните регрутери имаат задача да најдат кандидати за да ги пополнат работните позиции на високо ниво, како тим лидери, директори, корпоративни службеници и сл. Извршните регрутери добиваат компензација откако ќе поплнат некоја висока работна позиција и можат да наплаќаат големи такси бидејќи на компаниите им се потребни таленти. 

Проценета годишна плата според Glassdor: $104,187

 

7. Специјалист за анализа на човечки ресурси

Секогаш постојат трошоци и придобивки кога компанијата вработува нов вработен. Ако те интересираат трошоците за вработување, обуките и унапредувањето на вработените, тогаш оваа кариерна можност е правилен избор за тебе. Специјалистите за аналитика на човечки ресурси обезбедуваат податоци што ги користи HR секторот.

Проценета годишна плата според Glassdor: $112,225

 

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! 

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.