Запознајте го Чедо Насевски – студент на Академијата за UX/UI дизајн, кој се одлучи да го прошири своето знаење во оваа област со цел да им овозможи на корисниците подобро и поинтуитивно искуство и кориснички интерфејс.

 

Студент: Чедо Насевски

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Професија: Undercover Agent 🙂 

Од првиот час на Академијата паметам: Земајќи предвид дека првиот час ни беше запознавање, најголема импресија ми остави самиот диверзитет на професиите во кои моментално работиме ние студентите. Речиси секој од нас доаѓа од различна бранша.

Ја одбрав оваа област: Бидејќи ќе играм голема улога и ќе имам големо влијание во процесот на создавањето на вистинското корисничко искуство и дизајн на кориснички интерфејс каде апликациите ќе бидат поуспешни и попријателски за корисниците.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: User Interface & Front end.

После предавањата секогаш: Најчесто гуглам и барам да дознаам повеќе информации за работниот материјал што сме го поминале на часот.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Како ќе се снајдам во UX/UI сферата без никакво предзнаење.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Многу проекти, многу посветеност на истите, многу авантура низ истите и напредок во кариерата.

Во слободно време: Правам работи коишто ми го подобруваат менталното и духовното здравје.

Сакам да читам: Мистерија, драма.

Сакам да гледам: Drama, Crime & Action. Со задоволство би препорачал една филмска романтична „пљачка“. The Crown Affair со главна улога на Pierce Brosnan. 😉👌

Омилен цитат: „It has become appallingly obvious that our technology has exceeded our humanity.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!