Запознајте го Матеј Драгановски – студент на нашата Академија за Data Science, кој се одлучи да ги надгради своите вештини со цел да изгради кариера во една од најбараните, а воедно и попредизвикувачките области од ИТ секторот.

 

Студент: Матеј Драгановски

Академија: Академија за Data Science

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата го паметам: Запознавањето со останатите колеги и сите нивни различни позадини, како и причините поради кои се решиле да ја изучуваат оваа материја.

Се решив да го искористам летото продуктивно за да научам: Python, ML, AI.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Отсекогаш ме интересирало како тоа од навидум обични и неструктуирани податоци може да се добијат многу и различни калкулации, кои подоцна се користат за моделирање на AI алгоритми и слично.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Python.

После предавањата секогаш: Си правам листа со нови работи кои не ми се доволно јасни и самостојно истражувам за истите.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Математиката.
 
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да имам можности, да се надградувам константно со нови технологии и многу нови предизвици.
 

Оваа област за мене значи: Можност за градење на кариера во една од најбараните, а воедно и попредизвикувачките области од ИТ секторот.

Во слободно време: Најчесто планинарам, возам велосипед и патувам.

Сакам да читам: Воглавно читам модерна историја.

Сакам да гледам: Аниме и документарци.