Запознајте ја Маја Кузмановска – студент на нашата Академија за Full-stack програмирање, која реши да го искористи летото за да направи комплетна кариерна трансформација и да научи Full-Stack програмирање.

 

Студент: Маја Кузмановска

Академија: Академија за Full-stack програмирање

Професија: Финансиски менаџер

Од првиот час на Академијата паметам: Не бев сигурна што да очекувам, бидејќи ова беше моето прво онлајн искуство во однос на учење, така што моите впечатоци се прекрасни.

Се решив да го искористам летото продуктивно да научам: Сѐ што нуди full-stack програмата.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Сакав да научам нови работи со кои не сум се запознала досега во животот.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: PHP модулот

После предавањата секогаш: Запишувам што е важно за да се издвои и го утврдувам знаењето со помош на повторување на она што било предадено на часот.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Бидејќи немав претходно искуство во ова поле, најмногу ме плашеше дали ќе успеам да се снајдам и да го совладам она што го учиме.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да го дадам мојот максимум за да можам практично да го покажам материјалот што сум го научила од Академијата.

Оваа област за мене значи: Целосен пресврт на мојата кариера.

Во слободно време: Размислувам како некој код може поинаку да биде напишан, а повторно да функционира добро, па и подобро.

Сакам да читам: Крими романи, трилери.

Сакам да гледам: Хорор и комедија филмови.

Омилен цитат: You can be very wild, and still be very wise!“

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!