Запознајте ја Тијана Павлова – студент на Академијата за Човечки Ресурси, а воедно и дел од Dream Team-от за месец јуни. Таа е комуникативна личност и со голем ентузијазам се реши да го искористи летово за да направи кариерна трансформација.
Студент: Тијана Павлова
Академија: Академија за Човечки Ресурси
Професија: Инженер – технолог
Од првиот час на Академијата паметам: Многу насмеани лица и еден куп приказни кои објаснуваа како секој од групата се пронашол себеси на ова место.
Се решив да го искористам летото продуктивно и да научам: Буквално една нова професија која би сакала во иднина да ја применам во сопствената – професионална бранша.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Се сметам себеси за многу комуникативна личност, сакам да им помагам на луѓето, да ширам познанства и да имам уште една нова професија.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Било која тема! Навистина немам големи познавања од оваа област и токму затоа подеднакво ентузијастички и пристапувам на секоја тема.
После предавањата секогаш: Имам еден куп fun, interesting and educational facts и ги тормозам другарките на искачања, раскажувајќи им за часот. I’m that nerd in the group. 🙂
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Идејата дека инженерството и HR не се спојуваат. До одреден степен уште го мислам тоа, но сѐ повеќе сфаќам колку е неопходно да се има добар HR во било која организација каде што има голем број на луѓе со различно ниво на образование и искуство.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да помогнам и да направам некоја промена, звучи можеби клише, но навистина го мислам тоа.
Оваа област за мене значи: Најпрво еден „прирачник“ за личен напредок.
Во слободно време: Сум некаде со пријателите, а кога не сум, го поминувам времето слушајќи Ted Talks, музика на кеј, фотографирам и слично.
Сакам да читам: И секогаш читам две книги паралелно, не во исто време секако. Едната е секогаш на македонски, а другата е на англиски, па имам избор што ќе продолжам.
Сакам да гледам: Филмови кои ме тераат да размислувам или се посебно емотивни, а во последно време ги гледам документарците на Netflix и сум пријатно изненадена.
Омилен цитат: “If you want to compliment me, compliment my brain.“
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!