Зад секој успешен производ стои UX/UI дизајнер кој го создал изгледот на производот, како и чувството кое произлегува од истиот.

Корисничкото искуство (UX) и корисничкиот интерфејс (UI) се неверојатно важни, бидејќи не постои човек кој сака да користи непривлечни или тешки продукти за навигација.

Од таа причина, побарувачката на пазарот на труд за UX/UI дизајнери бележи вртоглав раст и овој тренд ќе продолжи да расте и во иднина.

Сè повеќе бизниси нудат конкуретни плати со цел да најдат проактивен и посветен дизајнер кој ќе се грижи за нивниот софтвер или веб апликација.

Како UX/UI дизајнер имаш можност да работиш од дома и да бидеш поврзан со луѓето од целиот свет. Можеш да работиш и дополнително како фриленсер, а со тоа ќе имаш флексибилни работни часови и баланс помеѓу социјален и професионален живот.

 

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни UX/UI Design професии

 

1. UX Designer

UX дизајнерот е човек кој го разбира начинот на размислување на клиентот и дизајнира производи според неговите потреби. Неговата примарна цел е да го подобри корисничкото искуство земајќи ги предвид чувствата и ставовите на личноста која ќе го користи тој продукт. Како главни задачи кои ги има се: истражување на корисниците и конкурентите, интервјуирање и разбирање на потребите и желбите на корисниците, креирање прототипови на производи, како и развивање и тестирање на истите.

Проценета годишна плата според Glassdor: $102,662

 

2. UI Designer

Додека UX дизајнерот е одговорен за целокупниот изглед и чувство на производот, UI дизајнерот е одговорен само за интерфејсот. Интерфејсот е точката каде што корисникот и продуктот се среќаваат и стапуваат во интеракција. Работата на овој тип дизајнер е да создаде интерфејс кој е лесен за користење и разбирање. Тој го постигнува тоа со импресивна комбинација на копчиња, менија, search bars и сл.

Проценета годишна плата според Glassdor: $100,425

 

3. Freelance UX/UI Designer

Ова е идеалниот избор доколку копнееш по слобода и сакаш да се сконцентрираш само на проекти кои те интересираат. Можеби имаш некои промени во приватниот живот и бараш работа која ќе ти даде поголема флексибилност. Без разлика дали е тоа способноста за да си го организираш сам сопственото време или изборот на клиентите, има многу причини зошто UX/UI дизајнерите се одлучуваат за фриленс кариера.

Проценета годишна плата според Glassdor: $110,385

 

4. Visual Designer

Визуелните дизајнери се креативни уметници кои се занимаваат со естетиката која ја гледаме на екранот. Тие не се одговорни за тоа како корисникот стапува во интеракција со интерфејсот. Нивниот фокус е типогафија, боја, графика, визуелни ефекти и визуелно обликување на страницата. Сето тоа го постигнуваат со креирање на mood boards, изработка на дизајни со совршени пиксели, визуелни елементи и сл.

Проценета годишна плата според Glassdor: $104,063

 

5. Motion Designer

Анимацијата игра голема улога во создавање на трајно корисничко искуство. Додека визуелните дизајнери се одговорни за статичните елементи, motion дизајнерите се занимаваат со динамично искуство. Motion дизајнерот создава анимирани ефекти кога корисникот е во интеракција со екранот.

Проценета годишна плата според Glassdor: $93,336

 

6. UX Research

UX истражувачот има за цел целосно да ги разбере желбите и потребите на корисникот. Тој спроведува темелни истражувања за да добие корисни сознанија за начинот на којшто размислуваат клиентите. Зкалучоците се претставуваат на дизајнерскиот тим за да помогнат при донесување на информирани одлуки за тоа како треба да изгледа производот и кое е чувството при негово користење.

Проценета годишна плата според Glassdor: $98,761

 

7. UX Architect

Целта на UX архитектот е да ја развие структурата и протокот на дигиталното решение, без разлика дали станува збор за веб страница, апликација, софтвер, мобилна верзија итн. Архитектот спроведува истражување, интервјуа, анкети, а потоа тие информации ги преведува во sitemaps, wireframes & prototypes. Архитектот ги поставува системот и процесот што ќе се користат за дизајнирање на финалниот производ.

Проценета годишна плата според Glassdor: $130,778



Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за UX/UI дизајн важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!