Запознајте ја Славица Николиќ – алумни студент од Академијата за Software Testing која одлучи да излезе од комфорната зона и да направи комплетна кариерна трансформација.

Големата желба и амбиција резултираа со почеток на нејзината кариера на практикантска позиција како Quality Assurance во интернационалната компанија Armedia.

 

Си поразговаравме со Славица за нејзиното кариерно патување

 
Здраво Славица. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво! Јас сум Славица – алумни студент на Академијата за Software Testing. Себеси можам да се опишам како креативна, амбициозна, а воедно и личност која сака предизвици во животот. Сакам да учам нови работи, па поради тоа одлучив да излезам од комфорната зона, за да ги проширам своите знаења во областа на ИТ индустријата.  

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата за Software Testing ги исполни сите мои очекувања. Ми се допадна начинот на кој Академијата беше организирана во целина, структурата на секој модул, пристапот и начинот на предавање на менторите. Посебно ми се допаѓа фактот дека секој што сака да направи кариерна трансформација може лесно да се адаптира и да научи со оваа Академија, без разлика на тоа дали има претходно искуство во областа или не. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Секој модул беше интересен и предизвикувачки на свој начин, бидејќи сѐ беше ново за мене. Доколку би морала да издвојам еден, тоа би бил модулот за автоматско тестирање. Причина зошто го одбирам овој модул е затоа што беше најдинамичен, бидејќи во него беа акумулирани вештините стекнати од претходните модули. Посебно, примената на концептите на ООП, како и начинот на автоматизација на претходно креираните мануелни тестови. 

 

Започна да ја градиш својата кариера како практикант во компанијата Armedia. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Непосредно после завршување на Академијата, аплицирав на огласот за QA Intern во Armedia. Бев контактирана за кратко време и повикана на техничко интервју. После неколку дена, добив позитивен одговор и оттука започнува мојот пат во оваа компанија, каде што целта ми е да ја продолжам својата кариера.  

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

Armedia е технолошка компанија со околу 35 вработени, партнерска компанија со Armedia во Соединетите Американски Држави, која е основана во 2002 година од ветерани, со канцеларии во Атланта и Виена. Оттогаш, обезбедува технички услуги за многу клиенти на Федералните служби и Fortune 500 во различни индустрии, вклучувајќи: транспорт, логистика и производство, трговија на мало, телеком и енергија. 

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Ќе раскажам за себе и моето искуство. Јас сум една од многуте која направи кариерна промена. Најтешко во целиот процес ми беше одлуката кога да започнам. Доколку се прашувате дали и кога е правото време за кариерна трансформација, само верувајте во себе и направете го првиот чекор. Можеме да го постигнеме само она во коешто веруваме. Тоа што нѐ мотивира и нѐ прави подобри од другите, сме самите ние. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!