Моето Brainster искуство – Анита Николоска

Запознајте ја Анита Николоска – студент на Академијата за Data Science која се одлучи да направи целосна кариерна трансформација и да го искористи летото да влезе во IT сферата и светот на податоците.
Студент: Анита Николоска
Академија: Академија за Data Science
Професија: Адвокат
Од првиот час на Академијата паметам: Мотивација и позитивна енергија за промена низ светот на податоците.
Се решив да го искористам летото продуктивно за да научам: Тоа што го учиме досега на Академијата, а посебно Python.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Сакам да вршам анализа на податоци, да размислувам како да се решаваат проблемите, но и да можам да вршам предвидувања врз основа на податоци, кои подоцна ќе ми помогнат.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Python.
После предавањата секогаш: Повторувам и вежбам тоа што се учело на часот.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Ништо не ме плашеше. 🙂
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да навлезам убаво и детално во светот на data и IT сферата, за да можам креативно да ги решавам проблемите.
Оваа област за мене значи: Креативност и иновација.
Во слободно време: Планинарам.
Сакам да читам: Сѐ што ќе ми дојде во рака, особено Sci-Fi.
Сакам да гледам: Sci-Fi серии, иако повеќе читам (отколку што гледам).
Омилен цитат: „Use your brain. (If you have it.)“
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!